Goethe-Zertifikat B2

Goethe-Zertifikat B2 © Getty Images

Сакате ...

  • да се подготвите за студии во Германија
  • да покажете солидни познавања од германски при пријавување за работно место
  • да се подготвите за работа во областа на медицината во Германија
  • да го покажете постигнатиот успех на ниво Б2
  • да се здобиете со официјален и меѓународно признат сертификат

Goethe-Zertifikat B2 е испит за познавање на германски јазик за младинци и возрасни. Со овој испит се потврдуваат напредни познавања од јазикот и испитот соодветствува на четвртиот степен (Б2) од шестстепената Заедничка европска референтна рамка за јазици (ЗЕРРЈ).

Со положувањето на испитот покажувате дека ...

  • можете да ги разберете главните содржини од посложени текстови на конкретни и апстрактни теми, а во рамките на Вашата специјалност можете да разберете и стручни дискусии.
  • можете да се разберете многу спонтано и течно, со што овозможувате нормален разговор со роден говорител без поголеми напори од двете страни. 
  • можете јасно и во детали да се произнесете за еден широк спектар на теми, да го објасните Вашиот став околу некое актуелно прашање и можете да наведете предности и недостатоци на одредени можности.

Опцијата „Јава-скрипт“ во вашиот пребарувач е деактивирана. Активирајте ја опцијата за повторно да ги видите курсевите.

*) Курсевите и испитите се слободени од ДДВ согласно член 23 став 1 точка 17б од Законот за данокот на додадена вредност

**) Пониската прикажана цена важи во случај да веќе сте слушале некој курс по германски јазик во Гете-Институт во изминатиот временски период од шест месеци. Шесте месеци притоа се однесуваат на временскиот период помеѓу моментот на завршувањето на јазичниот курс и терминот за полагање на испит по германски јазик. Во овој случај автоматски се менува цената за време на процесот на резервирање. Доколку не се случи тоа, Ве молиме да се обратите во канцеларијата, надлежна за курсот.

РЕЗУЛТАТИ ОД ИСПИТ

   

Кандидатите може да го подигнат сертификатот лично со пасош или со полномошно заверено на нотар.

Резултатите за испитите А2, Б1, Б2 и Ц1 по правило се објавуваат на веб-страницата 15 дена по датумот на испитот.


Ergebnisse B2 15.03.2024 // Подигнување на сертификати на 28.03.2024 од 09:00-10:00 часот (само со валиден пасош)

 

Подготовка

Материјали за вежбање

Тука можете да најдете модел-тестови за вежбање онлајн, исто така дирекно на компјутер и интерактивни.

Дополнителни информации

Предуслови, содржини на испитот и други информации за Goethe-Zertifikat B2 можете да најдеш тука: