Goethe-Zertifikat B2

Goethe-Zertifikat B2 © Getty Images

Сакате ...

  • да студирате на универзитет во германската јазична област
  • да покажете солидни познавања од германски при пријавување за работно место
  • да се подготвите за работа во областа на медицината во Германија
  • да го покажете постигнатиот успех на ниво Б2
  • да се здобиете со официјален и меѓународно признат сертификат

Goethe-Zertifikat B2 е испит за познавање на германски јазик за возрасни и од 2019 година и за младинци. Со овој испит се потврдуваат напредни познавања од јазикот и испитот соодветствува на четвртиот степен (Б2) од шестстепената Заедничка европска референтна рамка за јазици (ЗЕРРЈ).

Со положувањето на испитот покажувате дека ...

  • можете да ги разберете главните содржини од посложени текстови на конкретни и апстрактни теми, а во рамките на Вашата специјалност можете да разберете и стручни дискусии.
  • можете да се разберете многу спонтано и течно, со што овозможувате нормален разговор со роден говорител без поголеми напори од двете страни. 
  • можете јасно и во детали да се произнесете за еден широк спектар на теми, да го објасните Вашиот став околу некое актуелно прашање и можете да наведете предности и недостатоци на одредени можности.

Термини за испити

 

 

Термини 2018/2019 Цени за испити
23.11.2018 6200 MKD
21.12.2018 6200 MKD
25.01.2019 6200 MKD
22.02.2019 6200 MKD
29.03.2019 6200 MKD
19.04.2019 6200 MKD
31.05.2019 6200 MKD
28.06.2019 6200 MKD
23.07.2019 6200 MKD
23.08.2019 6200 MKD
27.09.2019 6200 MKD
25.10.2019 6200 MKD
29.11.2019 6200 MKD
20.12.2019 6200 MKD

* Рокот за пријавување испит истекува две недели пред терминот за одржување испит или додека се пополнат сите места!
 

Пријавување и полагање на испитите е возможно само со валиден пасош!  

Сертификатите за испитот А1 се подигаат само во понеделник во периодот од 12:00 до 14:00 часот, лично со пасош или со полномошно заверено на нотар.


Советување и пријавување

Важно! Информации за кандидати за испити од Косово

Кандидатите од Косово би можеле да се пријават за испитот исклучиво во Гете-центар Приштина (адреса: Мујо Улцинаку 7, Приштина). Посредување и пријавување за испит за други Гете-институти не е возможно.       


РЕЗУЛТАТИ ОД ИСПИТ

Резултати Б2 31.05.2019
Резултати Б2 19.04.2019
Резултати Б2 29.03.2019
Резултати B2 22.02.2019
Резултати Б2 25.01.2019
Резултати Б2 21.12.2018
Резултати Б2 23.11.2018
Резултати Б2 26.10.2018
Резултати Б2 21.09.2018
Резултати Б2 31.08.2018
Резултати Б2, 23.07.2018
Ergebnisse Б2 29.06.2018
Резултати B2, 01.06.2018
Резултати Б2, 20.04.2018



 

Подготовка

Материјали за вежбање

Тука можете да најдете модел-тестови за вежбање онлајн, исто така дирекно на компјутер и интерактивни.

Дополнителни информации

Предуслови, содржини на испитот и други информации за Goethe-Zertifikat B2 можете да најдеш тука: