Дополнителни информации
2018

Назад до Goethe-Zertifikat B2

Goethe-Zertifikat B2 е обработен. Стариот Goethe-Zertifikat можете да го полагате до 31.12.2018 ширум светот и до 31.07.2019 во сертифицираните центри. Ве молиме да се информирате за Вашиот центар за полагање.

Дел по дел: Деловите од испитот

Испитот Goethe-Zertifikat B2 се состои од деловите: Читање, Слушање, Пишување и Зборување (устен испит во пар или поединечно).
Испитот се спроведува и оценува подеднакво насекаде во светот.
 

Читање

Читате различни текстови како огласи, исечоци од каталози, текстови од стручна литература, коментари, рецензии и извештаи и одговарате на задачи поврзани со нив. Пополнувате пишан текст со празнини.

Времетраење: 80 минути

Пишување

Се изразувате во писмена форма во врска со прочитана статија од весник или кратка статија од интернет и коригирате писмо.

Времетраење: 80 минути

Слушање

Слушате разговори и телефонски разговори, потоа го коригирате или дополнувате слушнатото и подредувате искази. Освен тоа, слушате интервју на некоја актуелна, општествена тема и одговарате на задачи поврзани со тоа.

Времетраење: околу 30 минути

Зборување

Во првиот дел од испитот го искажувате Вашиот став во врска со краткиот прочитан текст. Потоа зборувате со Вашиот пратнер или партнерка за заедно да донесете одлука или да најдете решение.

Времетраење: околу 10 т.е. 15 минути

Предуслови

Goethe-Zertifikat B2 претставува испит по германски јазик за возрасни.
 
Испитите на Гете-институт им стојат на располагање на сите заинтересирани и може да се полагаат независно од достигнувањето на најмала возраст и независно од поседувањето на германско државјанство.
  • За Goethe-Zertifikat B2 се препорачува возраст над 16 години.
  • Goethe-Zertifikat B2 предвидува јазични познавања на скалата на компетенции Б2 на Заедничката европска референтна рамка за јазици (ЗЕРРЈ).
  • За да се постигне ова ниво, потребни се од 600 до 800 наставни часа од 45 минути (во зависност од предзнаењата и условите за учење).