Goethe-Zertifikat C1

Goethe-Zertifikat C1 Слика: Goethe-Institut/Sonja Tobias

Сакате ...

  • да се подготвите за студии во Германија
  • да докажете многу напредни познавања на германскиот јазик за работа
  • да се подготвите за дејност во областа на медицината
  • да го покажете постигнатиот успехот на ниво Ц1
  • официјален и меѓународно признат сертификат

Goethe-Zertifikat C1 е испит по германски јазик за возрасни. Потврдува многу напредно јазично ниво и соодветствува со петтото ниво (Ц1) од скалата на компетенции на Заедничката европска референтна рамка за јазици (ЗЕРРЈ), која предвидува шест нивоа.

Со положувањето на испитот покажувате дека ...

  • можете да разберете широк спектар на посложени подолги текстови и можете да сфатите имплицитни значења.
  • можете да се изразите многу спонтано и течно, без притоа често да размислувате за зборови.
  • можете ефективно и флексибилно да го употребувате јазикот во општествениот и професионалниот живот или во текот на образованието и студиите  
  • можете јасно, структурирано и опширно да се произнесете за покомплексни теми.
Ве молиме, пред почетокот на студиите информирајте се, на Вашиот факултет или на соодветниот подготвителен колеџ, околу можностите за ослободување од дополнителен јазичен приемен испит за студенти од странство врз основа на Goethe-Zertifikat C1.

Термини за испити

 

Термини 2020 Цени за испити
24.01.2020 6800 MKD
28.02.2020 6800 MKD
20.03.2020 6800 MKD
24.04.2020 6800 MKD
29.05.2020 6800 MKD
26.06.2020 6800 MKD
17.07.2020 6800 MKD
26.08.2020 6800 MKD
25.09.2020 6800 MKD
30.10.2020 6800 MKD
27.11.2020 6800 MKD
18.12.2020 6800 MKD

* Рокот за пријавување испит истекува две недели пред терминот за одржување испит или додека се пополнат сите места!

Пријавување и полагање на испитите е возможно само со валиден пасош!  

Сертификатите за испитите се подигаат само во понеделник и среда во периодот од 12:00 до 14:00 часот, лично со пасош или со полномошно заверено на нотар.
 

Важно! Информации за кандидати за испити од Косово

Кандидатите од Косово би можеле да се пријават за испитот исклучиво во Гете-центар Приштина (адреса: Мујо Улцинаку 7, Приштина). Посредување и пријавување за испит за други Гете-институти не е возможно.


РЕЗУЛТАТИ ОД ИСПИТ

Резултати Ц1 28.02.2020
Резултати Ц1 24.01.2020
Резултати Ц1 20.12.2019
Резултати Ц1 29.11.2019






 

Подготовка

Материјали за вежбање

Тука можете да најдете модел-тестови за вежбање онлајн, исто така дирекно на компјутер и интерактивни.

Дополнителни информации

Предуслови, содржини на испитот и други информации за Goethe-Zertifikat C1 можете да најдеш тука: