Дополнителни информации
Назад до Goethe-Zertifikat C1
Сѐ е тука! Деловите од испитот
Испитот Goethe-Zertifikat C1 се состои од деловите: Читање, Слушање, Пишување и Зборување (устен испит во пар или поединечно).
Испитот се спроведува и оценува подеднакво насекаде во светот..
Читање
Читате текстови од стручна литература, коментари, рецензии и/или извештаи. Преку задачите поврзани со нив покажувате дека можете да се снајдете со поголеми текстови, при што меѓу другото и резимирате делови од нив.
Времетраење: 70 минути
Пишување
Се изразувате опширно за некоја тема преку добро структуиран текст. За таа цел добивате информации во форма на графикон.
Времетраење: 80 минути
Слушање
Слушате разговори, телефонски разговори, интервјуа или извештаи на радио, собирате забелешки и подредувате искази.
Времетраење: околу 40 минути
Зборување
Во првиот дел од испитот го искажувате Вашиот став во врска со краткиот прочитан текст. Потоа зборувате со Вашиот пратнер или партнерка за заедно да донесете одлука или да најдете решение.
Времетраење: околу 10 т.е. 15 минути
Предуслови
Goethe-Zertifikat C1 претставува испит по германски јазик за возрасни.Испитите на Гете-институт им стојат на располагање на сите заинтересирани и може да се полагаат независно од достигнувањето на најмала возраст и независно од поседувањето на германско државјанство.
- За Goethe-Zertifikat C1 се препорачува возраст над 16 години.
- Goethe-Zertifikat B2 предвидува јазични познавања на петтото ниво од скалата на компетенции Ц1 на Заедничката европска референтна рамка за јазици (ЗЕРРЈ).
- За да се постигне ова ниво, потребни се од 800 до 1.000 наставни часа од 45 минути (во зависност од предзнаењата и условите за учење).
ШТО Е УШТЕ ВАЖНО?