Goethe-Zertifikat C2: GDS

Goethe-Zertifikat C2: Großes Deutsches Sprachdiplom Слика: Getty Images/Mario Castello

Сакате ...

  • да студирате или истражувате во Германија
  • да предавате на некое училиште во Германија
  • да го покажете постигнатиот успех на ниво Ц1
  • официјален и меѓународно признат сертификат

Goethe-Zertifikat C2: Großes Deutsches Sprachdiplom (GDS) е испит по германски јазик за возрасни. Потврдува најнапредно јазично ниво и соодветствува со највисокото ниво (Ц2) од скалата на компетенции на Заедничката европска референтна рамка за јазици (ЗЕРРЈ), која предвидува шест нивоа.

Со положувањето на испитот покажувате дека ...

  • без напор можете да разберете практично сè што читате или слушате
  • можете да резимирате информации од различни пишани или усни извори и притоа во разбирливо излагање да пренесете образложенија или објаснувања
  • можете спонтано, многу течно и точно да се изразувате и при покомплексни теми да правите дистинкција помеѓу нијансите на значењата на зборовите.
Das Goethe-Zertifikat C2: Großes Deutsches Sprachdiplom на студентите од странство им овозможува пристап до германски универзитети и факултети и на многу места важи како јазичен доказ за да може да се предава германски јазик. Покраините во Сојузна Република Германија го признаваат испитот во рамките на квалификациите за наставна работа. Информации за тоа нудат местата каде што се признава испитот во секоја покраина како Министерствата за култура, училишта, образование, Службата за образование на наставници, Окружната влада или Управата на сенатот.

Од 01.01.2012 г. испитот Goethe-Zertifikat C2: Großes Deutsches Sprachdiplom ги замени трите дотогашни испити: Goethe-Zertifikat: Zentrale Oberstufenprüfung (ZOP), Kleines Deutsches Sprachdiplom (KDS) и Großes Deutsches Sprachdiplom (GDS).

Пријавување и полагање на испитите е возможно само со валиден пасош!  

Сертификатите за испитот А1 се подигаат само во понеделник во периодот од 12:00 до 14:00 часот, лично со пасош или со полномошно заверено на нотар.


Советување и пријавување




 

Подготовка

Материјали за вежбање

Тука можете да најдете модел-тестови за вежбање онлајн, исто така дирекно на компјутер и интерактивни.

Дополнителни информации

Предуслови, содржини на испитот и други информации за Goethe-Zertifikat C2: Großes Deutsches Sprachdiplom можете да најдеш тука: