Goethe-Zertifikat A1: Fit in Deutsch 1

Goethe-Zertifikat A1: Fit in Deutsch 1 Слика: Getty Images/Echo

Сакаш ...

  • да полагаш испит по германски јазик за деца и младинци помеѓу 10 и 16 години
  • да покажеш сосема едноставни познавања од германскиот јазик
  • да го покажеш постигнатиот успех на ниво А1
  • официјален и меѓународно признат сертификат

Goethe-Zertifikat A1: Fit in Deutsch 1 претставува испит по германски јазик за деца и млади на возраст од 10 до 16 години. Потврдува дека поседуваш многу едноставни јазични познавања и соодветствува со првото ниво (А1) од скалата на компетенции на Заедничката европска референтна рамка за јазици (ЗЕРРЈ), која предвидува шест нивоа.

Со положувањето на испитот покажуваш дека ...

  • можеш да поставуваш едноставни прашања и да одговараш на нив, како и да замолиш за нешто и да реагираш на молби
  • со едноставни фрази и реченици можеш да пишуваш за себе и за другите
  • можеш да разбереш разговори и текстови во кои станува збор за познати работи  

Термини за испити

Термини 2018/2019 Цени за испити
04.06.2019 2100 MKD
17.07.2019 2100 MKD

* Рокот за пријавување испит истекува две недели пред терминот за одржување испит или додека се пополнат сите места!


Резултати

Резултати A1-Fit in Deutsch 05.06.2019
 

Подготовка

Материјали за вежбање

Тука можеш да најдеш модел-тестови за вежбање онлајн, исто така дирекно на компјутер и интерактивни.

Дополнителни информации

Предуслови, содржини на испитот и други информации за Goethe-Zertifikat A1: Fit in Deutsch 1 можеш да најдеш тука: