Goethe-Zertifikat A2: Fit in Deutsch

Goethe-Zertifikat A2: Fit in Deutsch 2 Слика: Getty Images/Comstock Images

Сакаш …

  • да полагаш испит по германски јазик за младинци меѓу 12 и 16 години
  • да покажеш едноставни познавања од германскиот јазик
  • да го покажеш постигнатиот успех на ниво А2
  • официјален и меѓународно признат сертификат

Goethe-Zertifikat A2: Fit in Deutsch претставува испит по германски јазик за деца и младинци на возраст од 12 до 16 години. Потврдува дека поседуваш едноставни јазични познавања и соодветствува со второто ниво (А2) од скалата на компетенции на Заедничката европска референтна рамка за јазици (ЗЕРРЈ), која предвидува шест нивоа.

Со положувањето на испитот покажуваш дека ...

  • можеш да разбереш и употребиш реченици и често користени изрази во вообичаени ситуации.
  • можеш да се разбереш во рутински ситуации, во кои станува збор за размена на информации околу познати и вообичаени теми.
  • на едноставен начин можеш да ги опишеш своето потекло и образование, непосредната околина и нештата кои се поврзани со твоите потреби.  

Термини за испити

Термини 2018/2019 Цени за испити
04.06.2019 4800 MKD
17.07.2019 4800 MKD

* Рокот за пријавување испит истекува две недели пред терминот за одржување испит или додека се пополнат сите места!

Пријавување и полагање на испитите е возможно само со валиден пасош!  

Сертификатите за испитот А1 се подигаат само во понеделник во периодот од 12:00 до 14:00 часот, лично со пасош или со полномошно заверено на нотар.


Советување и пријавување

Резултати

Резултати Ц2 06.03.2019






 

Подготовка

Материјали за вежбање

Тука можеш да најдеш модел-тестови за вежбање онлајн, исто така дирекно на компјутер и интерактивни.

Дополнителни информации

Предуслови, содржини на испитот и други информации за Goethe-Zertifikat A2: Fit in Deutsch можеш да најдеш тука: