Дополнителни информации

Назад до Goethe-Zertifikat A2: Fit in Deutsch

Како за добар почеток: деловите од испитот

Goethe-Zertifikat A2: Fit in Deutsch се состои од деловите читање, слушање, пишување и зборување
Испитот подеднакво се спроведува и оценува насекаде во светот. 

 

ЧИТАЊЕ

Читаш текстови од типот на кратки статии од весник, Имејлови, огласи или јавни информативни табли и одговараш на задачи поврзани со нив.

Траење: 30 минути

ПИШУВАЊЕ

Пишуваш текстови кои се однесуваат на непопсредната средина во која живееш.

Траење: 30 минути

СЛУШАЊЕ

Слушаш секојдневни разговори, соопштенија и интервјуа на радио, пораки на телефон и јавни објави на разглас и решаваш задачи поврзани со нив.

Траење: 30 минути

ЗБОРУВАЊЕ

Поставуваш прашања и одговараш на прашања за твојата личност, раскажуваш нешто за својот живот и договараш или планираш нешто со твојот соговорник или соговорничка. 

Траење: 15 минути

Предуслови

Goethe-Zertifikat A2: Fit in Deutsch претставува испит по германски јазик за деца и младинци на возраст од 12 до 16 години. 

Испитите на Гете-институт им стојат на располагање на сите заинтересирани и може да се полагаат независно од достигнувањето на најмала возраст и независно од поседувањето на германско државјанство.
  • За Goethe-Zertifikat A2: Fit in Deutsch се препорачува возраст над 12 години.
  • Goethe-Zertifikat A2: Fit in Deutsch предвидува јазични познавања на второто ниво од скалата на компетенции (А2) на  Заедничката европска референтна рамка за јазици (3EPPJ).
  • За да се постигне ова ниво, потребни се од 200 до 350 наставни часа од 45 минути (во зависност од предзнаењата и  условите за учење).