Дополнителни информации

Назад до TestDaF

Чекор по чекор: Деловите од испитот

Испитот TestDaF е стандардизиран, централно развиен и оценуван испит. Тој се состои од четири дела. Вашите јазични познавања се оценуваат одделно по секоја од вештините Читање, Слушање, Пишување и Зборување. Резултатите се прикажуваат преку трите TestDaF-нивоа (TDN) 3, 4 и 5.
 

Читање со разбирање

  • Читате кратки текстови од универзитетското секојдневие како распореди за предавања, календар на настани, брошури и сл. и решавате кој текст припаѓа на која задача.
  • Читате новинарски текст (околу 450-550 збора) на научна или општествено-политичка тема и одговарате прашања во Multiple-Choice-формат.
  • Обработувате научно-јазичен текст (околу 550-650 збора) од некој стручен или универзитетски весник и решавате дали исказите одговараат на текстот или не т.е. текстот не дава информација за тоа.
Времетраење: 60 минути

Слушање со разбирање

  • Слушате краток дијалог од универзитетското секојдневие, на пр. разговор меѓу двајца студенти, и истовремено фаќате забелешки на прашањата.
  • Следите интервју или дискусија на општо-научна тема или тема поврзана со студиите и истовремено решавате дали исказите за слушнатиот текст се точни или неточни.
  • Слушате говор или интервју со експерт и давате краток одговор на централните прашања од текстот.
Времетраење: околу 40 минути

Писмено изразување

  • Добивате една тема и пишувате логично структуиран текст согласно дадените одредници и статистички податоци.
  • Треба да заземете став по таа тема и да аргументирате.
Времетраење: 60 минути

Усмено изразување (дигитална верзија)

  • Обработувате седум задачи, кои во различни разговорни ситуации ве ставаат во положба како да сте на факултет во Германија
  • Морате да добиете информации, да опишете графикони и да ја резимирате нивната содржина. Треба да го изразите и образложите Вашето мислење, да заземете став, да дадете совет, да направите проценка на алтернативи и да формулирате хипотези.
Времетраење: околу 35 минути

Предуслови

Испитот TestDaF е јазичен испит кој е одлучувачки за јазичниот прием на студирање на германските универзитети. Наменет е за студентите и заинтересираните за студирање, но тој е истотака и интернационално признат доказ за Вашите јазични познавања за научни проекти и академски професии.
  • Јазични познавања најниско на ниво Б2
  • 700 до 1 000 наставни часа по германски јазик од по 45 минути, во зависност од предзнаењата и предусловите за учење (не е потребен доказ).

Оценување

Во деловит Читање со разбирање и Слушање со разбирање добивате еден бод за секоја точно решена задача (на пр. Multiple-Choice или точно/неточно). За одредување на нивото одлучувачки е бројот на точно решените задачи. Двата испитни дела Писмно и Усно изразување ги оценуваат обучени и искусни испитувачи. Оценувањето и одредувањето на ниво е согласно табелата со критериуми. Подетални информации ќе најдете на www.testdaf.de. Испитот можете неограничено да го повторувате по сопствена желба.

Пријавете се веднаш за TestDaF!

Доколку располагате со доволно познавања од германскиот јазик, пријавете се за TestDaF. Ви препорачуваме прво да го запознаете TestDaF. Најдобро на подготвителен курс од Гете-институт или на други испитни центри или на Online-Vorbereitungskurs des Goethe-Instituts. На курсевите се запознавате со форматот и текот на испитот.

TestDaF можете да го полагате на шест термини годишно коишто се однапред одредени, низ целиот свет. Пријавете се на www.testdaf.de. Во Народна Република Кина има посебни термини; пријавувањето се врши во National Education Examination Authority.

Кандидатите со хендикеп треба навремено да го известат испитниот центар и да приложат валидна лекарска потврда. Во тој случај спроведувањето на испитот ќе се приспособи на кандидатот.