Советување за студии

Советување за студии Слика: Goethe-Institut/Bernhard Ludewig

Знаете ли дека пред сто години половината од сите студенти на светот што студирале во странство биле запишани на германски факултети? Оттогаш Германија ги привлекува сите што бараат првокласно образование.

Постојат добри причини да студирате во Германија:

  • Првиот германски универзитет бил основан во Хајделберг во 1386 г.. Денес повеќе од 350 германски високообразовни институции нудат првокласно образование.
  • Со околу 100 милиони говорители, чиј мајчин јазик е германскиот, тој е еден од најмногу зборуваните јазици во Европа. Влијанието на германската економија и нејзиниот растечки ангажман насекаде низ светот придонесуваат за постојано зголемување на значењето на германскиот јазик на светскиот пазар.
  • Животните трошоци на студентите може да се намалат преку разновидни видови поддршка.
  • Големата понуда на активности во слободното време од страна на факултетите се надополнува со разните можности кои постојат надвор од универзитетот.

Меѓународни студиски насоки

Многу факултети во Германија нудат студиски насоки со чие завршување се добива меѓународна диплома. Тука спаѓаат можности за студирање кои ги опфаќаат сите степени: додипломски и постдипломски курсеви (бакалауреат, магистер и доктор). Сите курсеви ги исполнуваат високите академски стандарди, добро се организирани и се држат на англиски јазик, а паралелно со нив се одржуваат и курсеви по германски јазик.