Logo Goethe-Institut

Северна Македонија

Знаење и образование

Дали сакаш да научиш германски бесплатно и да вежбаш за следниот квиз? Погледни овде. Подготвивме тешки и лесни прашања на тема општи познавања за светот и Германија. На пример: Во кој регион во светот живеат најмногу пингвини? Каква сезонска работа имал германскиот инженер Карл Бенц? Покажи ни што можеш и тестирај го твоето знаење!

Насмеана жена која истражува © Goethe-Institut, Getty Images

Платформа за деца

Дигитален детски универзитет

Како е возможно, автомобилите да возат сами? Зошто кога држиме школка близу до увото, таа прави звуци? Зошто мораме да спиеме? На овој свет постојат многу прашања. Кај нас ќе ги најдеш одговорите - објаснети лесно, едноставно и бесплатно. Профоесорот Ајнштајн и Софи Шлау веќе те очекуваат.

KinderUni Foto: © Goethe-Institut Foto: © Goethe-Institut

Платформа за младинци

Дигитален младински универзитет

Како изгледа вселената? Од каде доаѓа струјата? И како тоа функционира еден робот? Како студенти на нашиот дигитален универзитет за млади, ќе ги најдете одговорите на овие прашања и притоа бесплатно ќе учите германски. Дигиталниот универзитет е најсоодветен за нивоата А1/А1 и А2/Б1.

JuniorUni Foto: © Goethe-Institut Foto: © Goethe-Institut

Поткаст „кратко и јасно“

Околу политиката, еокономијата и заедницата

Во овој поткаст се работи за теми од политиката, економоијата и заедницата во Германија и светот. На пример: Колку од европа се крие во Германија? Како се одвива трговијата со Кина? Аудио записите се на германски и се наменети за нивоата Б2/Ц1.

Видеа: Секојдневието во Германија

Германска лабораторија

Пиво, колбас, студ. Дали тоа те асоцира на Германија? Во оваа низа од видеа Нина и Давид разгледуваат клишеа. Кои се точни, кои не се? Германија знае во секој случај да не изненади! Погледнете ги видеата и дознајте сами. Содржината е наменета за нивото А2 и нагоре.

Nina und David vom Deutschlandlabor Grafik: © Goethe-Institut | DW Grafik: © Goethe-Institut | DW

Поткаст „Супержени“

Околу феминизмот, културата и заедницата.

Во овој поткаст се работи за приказни на жени од целиот свет. И покрај сите разлики, имаат едно нешто заедничко: Тие се примери. Нивниот пат низ светот е возбудлив, спортски, мудар и смел. Аудио записите се на германски и наменети за нивоата Б2/Ц1.

Superfrauen Podcast Grafik: © Goethe-Institut Grafik: © Goethe-Institut

Препораки за стриминг

Тука ќе најдете збирка од избрани германски филмови и серии, со поднаслови на германски јазик, кои се достапни во збирките на јавни предаватели како и разни стриминг услуги кои може да се најдат во Германија.
 

Страница со стриминг препораки © Гете-Институт / Tobias Schrank © Гете-Институт / Tobias Schrank

Следете не