Брз пристап:

Оди директно на содржината (Alt 1) Оди директно до главната навигација (Alt 2)
Claim Goethe Institut Claim Goethe Institut

Северна Македонија

Меѓународна конференција на наставници по германски јазик 2025


Најголемата светска конференција за германскиот јазик како втор и странски јазик, Меѓународната конференција за наставници по германски јазик (IDT), ќе се одржи од 28 јули до 1 август 2025 година во Либек. Мотото е „Осмели се да бидеш разновиден – со германски“. Гете-институтот Скопје доделува две целосни стипендии. Искористете ја можноста за дообука, вмрежување и учество!
 

УЧЕСТВО НА ИДТ

Што? Доделување на две стипендии за IDT 2025, најголема светска конференција за германски како втор и странски јазик
Кога? 28.07.2025– 01.08.2025
Каде? Либек, Германија
Што опфаќа стипендијата? Стипендијата покрива трошоци за  патување, сместување и котизација за конференцијата.
За кого? Право на учество имаат лица кои работат во македонскиот образовен систем како професори по германски јазик, обучувачи или мултипликатори.
Услови: Предуслов за стипендија е подготвеноста да ја поддржите програматана ИДТ со сопствен придонес, да учествувате во целата програма на конференцијата и да го пренесете знаењето стекнато на конференцијата на локално или регионално ниво. Исто така, во 2024 не сте добитник на друга стипендија од Гете-институтот  за 2025 година.
Аплицирање: Ве молиме испратете ни го пополнетиот и потпишан формулар најдоцна до 10.08.2024 на bkd-skopje@goethe.de
 

Постапка за аплицирање:
1. Апликацирање до Гете-институт Скопје
2. Ако сте избрани за стипендија: Регистрирајте се за IDT
3. Доставување на конечниот апстракт по консултација со Гете-институт Скопје до 01.09.2024

Важни информации за апстрактот:
Дознајте повеќе за тематските области и форматите на конференциите овде за да можете соодветно да го напишете вашиот апстракт:

Themenbereiche und Sektionsbeschreibung | Deutsche Auslandsgesellschaft e.V. (idt-2025.de)
Tagungsformate | Deutsche Auslandsgesellschaft e.V. (idt-2025.de)
Informations-Veranstaltungen für Beiträge zur IDT 2025 (office.com)

Контакт и информации: bkd-skopje@goethe.de, + 389 2 3121604

Детални информации за IDT 2025 во Либек, како и програмата и распоредот на конференцијата може да се најдат на веб-страницата IDT: Internationale Deutschlehrer:innentagung 2025 (idt-2025.de)