Logo Goethe-Institut

Северна Македонија

KIKUK 2.0
Вештачката интелигенција креативно и критички

Глобалниот младински натпревар „KIKUK – Вештачка интелигенција креативно и критички“ влегува во втората рунда! Под мотото „Мојата иднина со ВИ“, иновативниот проект повторно ги поканува учениците од целиот свет креативно и критички да се соочат со употребата на вештачката интелигенција – и активно да ја обликуваат сопствената иднина.

KIKUK – Вештачката интелигенција креативно и критички © Goethe-Institut

Натпревар

Нашата тема за натпреварот 2025/2026 гласи:
„Мојата иднина со ВИ“

Одберете едно од овие прашања:
  • Како ќе го промени ВИ твоето секојдневие?
  • Како ќе учиме, работиме, комуницираме и одмораме во иднина?
Формирајте тим и искористете апликација со вештачка интелигенција по ваш избор за да создадете сопствено ВИ-уметничко дело за вашата визија за иднината. Сè е дозволено: видеа, музика, слики, видео-инсталации, текстови...



Испратете ја вашата апликација најдоцна до 17.11.2025

Освојте го националниот KIKUK-натпревар во вашата земја и соработувајте глобално со ученици од Тајпеј до Сан Франциско! Повеќе информации ќе добиете во Гете-институтите во земјите учеснички.

Учество на натпреварот

Работилница за ученици

KIKUK 2.0 – Мојата иднина со ВИ

Датум и време:
вторник, 28.10.2025 | 13:00 – 14:30 часот
четврток, 30.10.2025 | 13:00 – 14:30 часот
Формат: онлајн
Целнаа група: ученици и ученички од целиот свет
Работен јазик: германски
Предавачка: Недина Лисиќ, мултипликаторка на Гете-институт Сараево

Во KIKUK-работилницата учениците низ игра ќе откријат како функционира вештачката интелигенција и како може креативно да се користи – на пример, за создавање слики, текстови или музика. Учесниците ќе работат во мали групи, ќе експериментираат и ќе разговараат за можностите и ограничувањата на вештачката интелигенција.

KIKUK – Твојата иднина со ВИ

Како ВИ ќе го промени твојот живот? Покажи ни ги твоите идеи!

Заедно со својот тим креирај сопствено уметничко дело – со ВИ и вашата креативност. Без разлика дали е видео, музика, слика или текст: сè е можно.

Ново: KIKUK-награда за наставници

Дали сакате да користите вештачка интелигенција за да направите реклама за својата програма по германски јазик? Тогаш учествувајте во KIKUK-наградата за наставници! Со помош на алатка базирана на вештачка интелигенција изработете оригинален промотивен материјал – на пример плакат, видео, песна – вашата фантазија нема граници.

Испратете ја вашата изработка во периодот од 15.09 до 17.11.2025 во Гете-институтитите кои учествуваат. Најоригиналната идеја ќе биде наградена!

Почетен настан KIKUK 2.0

Мојата иднина со ВИ

Датум и време: Среда, 8 октомври 2025, 13 часот (по средноевропско време)
Формат: Онлајн (преку Zoom)
Целна група: Наставници по германски јазик и ученици од целиот свет
Работен јазик: Германски

Почетниот настан на натпреварот „KIKUK 2.0“ нуди возбудлива можност да се запознаете со проектот и неговите цели. Учесниците ќе бидат информирани за различните фази на натпреварот и ќе добијат важни информации за барањата и критериумите за оценување.

Ве очекува инспиративен настан!

 

Онлајн семинар за наставници по германски јазик

KIKUK 2.0 – Мојата иднина со ВИ: Креативно и критички обликување на наставата по германски јазик со помош на уметност и вештачка интелигенција

Формат: Онлајн
Целна група: Наставници по германски јазик од целиот свет
Работен јазик: Германски
Предавачи: Марје Цшише-Шток, Сабине Хелвиг
Организатор: Изавачка куќа Cornelsen

Дали Ви е познато следново? „Дали е ова уметност или може да се фрли?“ Оваа изрека со години ја оживуваше дебатата за уметноста и истовремено поставуваше прашања за тоа што навистина ја прави уметноста. Од првото уметничко дело создадено со вештачка интелигенција во 1965 година, оваа дискусија доби нова, возбудлива димензија. Во ера на генеративни платформи со вештачка интелигенција и повторливи обрасци, се поставува прашањето: Како уметноста ја зачувува својата уникатност и како може оваа дискусија да се интегрира во наставата по германски јазик како странски јазик?

Во овој онлајн семинар ќе се занимаваме креативно и критички со темата уметност и вештачка интелигенција и ќе прикажеме како двете можат да се интегрираат дидактички смислено во наставата по странски јазици.

Бесплатната обука може да се следи во два различни термини:

Вештачка интелигенција

Календарот на образовната соработка по германски јазик 2025 содржи разновидни ресурси на темата Вештачка интелигенција.

Контакт

Партнери

  • Cornelsen
  • c't magazin für computer technik

Следете не