KIKUK 2.0
Вештачката интелигенција креативно и критички
Учество на натпреварот
Работилница за ученици
KIKUK 2.0 – Мојата иднина со ВИ
Датум и време:
вторник, 28.10.2025 | 13:00 – 14:30 часот
четврток, 30.10.2025 | 13:00 – 14:30 часот
Формат: онлајн
Целнаа група: ученици и ученички од целиот свет
Работен јазик: германски
Предавачка: Недина Лисиќ, мултипликаторка на Гете-институт Сараево
Во KIKUK-работилницата учениците низ игра ќе откријат како функционира вештачката интелигенција и како може креативно да се користи – на пример, за создавање слики, текстови или музика. Учесниците ќе работат во мали групи, ќе експериментираат и ќе разговараат за можностите и ограничувањата на вештачката интелигенција.
Пријавување за работилници за ученици
работилници за ученици
KIKUK 2.0 - Мојата иднина со ВИ
-
Прв термин ( содржински идентичен како вториот термин)
-
Втор термин (содрќински иденнтичен со првиот термин)
Ново: KIKUK-награда за наставници
Дали сакате да користите вештачка интелигенција за да направите реклама за својата програма по германски јазик? Тогаш учествувајте во KIKUK-наградата за наставници! Со помош на алатка базирана на вештачка интелигенција изработете оригинален промотивен материјал – на пример плакат, видео, песна – вашата фантазија нема граници.
Испратете ја вашата изработка во периодот од 15.09 до 17.11.2025 во Гете-институтитите кои учествуваат. Најоригиналната идеја ќе биде наградена!
Почетен настан KIKUK 2.0
Мојата иднина со ВИ
Датум и време: Среда, 8 октомври 2025, 13 часот (по средноевропско време)
Формат: Онлајн (преку Zoom)
Целна група: Наставници по германски јазик и ученици од целиот свет
Работен јазик: Германски
Почетниот настан на натпреварот „KIKUK 2.0“ нуди возбудлива можност да се запознаете со проектот и неговите цели. Учесниците ќе бидат информирани за различните фази на натпреварот и ќе добијат важни информации за барањата и критериумите за оценување.
Ве очекува инспиративен настан!
Онлајн семинар за наставници по германски јазик
KIKUK 2.0 – Мојата иднина со ВИ: Креативно и критички обликување на наставата по германски јазик со помош на уметност и вештачка интелигенција
Формат: Онлајн
Целна група: Наставници по германски јазик од целиот свет
Работен јазик: Германски
Предавачи: Марје Цшише-Шток, Сабине Хелвиг
Организатор: Изавачка куќа Cornelsen
Дали Ви е познато следново? „Дали е ова уметност или може да се фрли?“ Оваа изрека со години ја оживуваше дебатата за уметноста и истовремено поставуваше прашања за тоа што навистина ја прави уметноста. Од првото уметничко дело создадено со вештачка интелигенција во 1965 година, оваа дискусија доби нова, возбудлива димензија. Во ера на генеративни платформи со вештачка интелигенција и повторливи обрасци, се поставува прашањето: Како уметноста ја зачувува својата уникатност и како може оваа дискусија да се интегрира во наставата по германски јазик како странски јазик?
Во овој онлајн семинар ќе се занимаваме креативно и критички со темата уметност и вештачка интелигенција и ќе прикажеме како двете можат да се интегрираат дидактички смислено во наставата по странски јазици.
Бесплатната обука може да се следи во два различни термини:
Пријавување за онлајн семинар
-
Втор термин (по содрќина идентичен како првиот термин)
Контакт
Гордана Бабоска
Референт за образовна соработка и PASCH
Факс: +389 2 3121 604
gordana.baboska@goethe.de