Вмрежено учење
Создавање без граници
Серија вебинари за наставници по германски јазик
Прекугранични вебинари за наставници по германски јазик во Босна и Херцеговина, Хрватска, Унгарија, Романија, Северна Македонија и Србија
За серијата вебинари
Прекуграничните вебинари им овозможуваат на наставниците по германски јазик од дома да се вклучат во професионална размена со своите колеги од соседните земји.Серијата вебинари 3*3 е многу популарна и затоа од 2025 година ќе ја прошириме и на други земји. Секој месец едно друго Гете-институт ќе ви понуди вебинар на тема поврзана со праксата од областа на германскиот јазик како странски јазик. Форматот се состои од асинхрона воведна фаза, 90-минутен синхрон состанок во сабота и асинхрона трансферна фаза. Работното оптоварување на наставниците кои учествуваат е околу шест наставни единици.
Дали сте заинтересирани да учествувате на вебинар? Регистрирајте се директно преку Гете-институтот кој го нуди.
Бројот на местата е ограничен на 30, а регистрацијата е обврзувачка.