Logo Goethe-Institut

Северна Македонија

Кариерни перспективи на наставниците по германски јазик 10 причини

Зошто германски?
Зошто да предавате?
И зошто да предавате токму германски?
Има најмалку 10 причини.

Во продолжение ќе ви покажеме зошто предавањето германски јазик не само што е забавно, туку и нуди многу можности кои се очекуваат од едно модерно и интернационално професионално поле.

Ајде да започнеме!

© Gevi Dimitrakopoulou/Goethe-Institut Athen

1

Биди инфлуенсер во вистинскиот живот!
Оној кој предава е пример за другите и пренесува не само знаења, туку и ставови. Оној кој предава инспирира и станува ментор во животот.

Работи ширум светот

2

Предавај германски – работи ширум светот!
Малку јазици во светот се изучуваат толку често како странски јазик како што е германскиот. Како наставничка или наставник по германски јазик, можеш да работиш насекаде низ светот: било во германско училиште во Лисабон или на програми за стручна квалификација на млади кадри во Лагос – постојат безброј можности за предавање германски јазик низ целиот свет.

3

Предавај германски – обезбеди си сигурна професија!
Иако германскиот јазик како странски е многу баран, сè уште нема доволно наставници што го предаваат. Затоа наставниците по германски се високо ценети и барани насекаде во светот. Можностите за работа се бројни: во училишта и на универзитети, како преведувач*ки, во издавачки куќи и на многу други места.

Разновидност

4

Предавај – и секој ден ќе биде поинаков!
Наставничката професија е едно од оние работни полиња каде што разновидноста е секогаш правило. Дури и иста кратка приказна се обработува сосема различно во секој клас по германски јазик. Ниту еден час не е ист, секој ден е посебен.

5

Твоја училница – твој простор за креативност!
Училницата секогаш претставува заштитен простор – како лабораторија каде што може да се испробуваат нови идеи и слободно да се изразува мислењето. Наставниците имаат голема слобода во планирањето и реализацијата на наставата, што им овозможува да бидат особено креативни на своите часови.

Отвореност кон светот

6

Предавај јазици и пренесувај отвореност кон светот!
Предавањето јазици ги зближувалуѓето и културите. Секој нов научен збор руши бариера и отвора нова врата за разбирање. Отвореноста се испробува во училницата и понатаму се шири во светот.
 

7

Искористи ја глобалниот мрежа на германски јазик!
Меѓународната заедница на наставници по германски е голема и добро организирана. Мрежите и дигиталните платформи нудат бројни можности за размена на искуствa и професионално усовршување. Твојот колегиум се протега многу подалеку од твоето работно место. Тој го опфаќа целиот свет!

Култура

8

Пробуди љубопитност за културата на земјите од германското јазично подрачје!
Како во литературата, уметноста и музиката, така и во науката и технологијата – во овие земји има бескрајно многу што може да се открие: богато културно наследство од многу векови, како и возбудливи случувања од сегашноста.

9

Започни дијалог на германски!
Предавањето јазици го поттикнува дијалогот и комуникацијата. Иако aнглискиот јазик стана навистина неопходен во глобализираниот свет, повеќејазичноста дополнително го проширува хоризонтот. Денес во Европа живеат над 100 милиони луѓе чиј мајчин јазик е германскиот. Поради тоа, за дијалогот важи и девизата на професионалните можности: англискиот е задолжителен, германскиот е бонус.

Остани млад!

10

Предавај и остани млад!
Не учат само учениците. Оној кој предава секојдневно дознава што ги движи помладите генерации. Оваа интеракција носи свежи перспективи и енергија. Оној кој предава се инспирира, а тоа го одржува млад.


Назад на почетната страница

Deutsch: lehren. teilen. inspirieren.