Logo Goethe-Institut

Северна Македонија

Интеркултурност и културолошко учење во наставата по германски јазик како странски јазик
Семинар за доквалификација

На оваа обука учесниците се занимаваат со темата интеркултурност икултуролошко учење, со цел на учениците во наставата по германски како странски јазик да им се овозможи диференцирана перспектива за германскиот јазик и култура.
  • Времетраење: Еднодневен семинар со физичко присуство од 8 наставни единици и една онлајн-сесија од 3 наставни единици
  • Формат: лично со онлајн компонента

Интеркултурност и културолошко учење во наставата по германски јазик како странски јазик

Целта е развивање на стратегии и методи, кои ќе поттикнуваат интеркултурна размена и ќе овозможат одбегнување на културолошки недоразбирања во наставата. Обуката нуди практични импулси за
изготвување на активности за учење, кои целесходно  поттикнуваат како јазични така и културни компетенции и ја прифаќаат хетерогеноста на учениците.

Учесниците имаат можност да разменуваат мислења за своето лично искуство и да разработуваат нови пристапи за интеграција на интеркултурни теми во наставата по германски како странски јазик.
© Gevi Dimitrakopoulou/Goethe-Institut Athen

Следете не