Право на глас од 16 години?

Право на глас од 16 години?
© Colourbox

Натпревар за посетителите на курс во Гете-институт Скопје за добивање стипендија
за учество на двонеделен курс во Германија
 

Добитници на стипендиите за учество на Хамбах!Фестивалот за демократија се:

Стефан Давитков
Андреја Поповиќ
Марија Зографска
Андреј Николиќ

*****************************************************

Гете-институт Скопје ги кани сите посетители на курс креативно да се изразат во писмена форма на следнава тема.
 
Право на глас од 16 години?
 
Возраста на која граѓаните стекнуваат право на глас се поврзува со полнолетноста, која денес е дефинирана со наполнување 18 години. Дали возраста за стекнување право на глас треба да се спушти на 16 години за да можат и младите на 16 и 17 години да имаат право да одлучуваат за иднината? Дали тоа ќе ѝ даде шанса на демократијата или ќе претставува опасност?
 
Задача: Напишете текст на македонски или на германски јазик во кој ќе го изразите своето мислење на темата „Право на глас од 16 години?“
Важно: при вреднувањето на текстовите во преден план стои аргументирањето.
 
Услови за учество:
Сите посетители на курс во Гете-институт Скопје
- кои во моментов посетуваат втор курс во Гете-институт Скопје (на ниво А2-Ц1),
- се на возраст 15-18 години,
- на курсот се редовни и активни,
- се согласни во целост да учествуваат на курсот и програмата во Германија,
- се согласни по враќањето да напишат кус извештај кој ќе биде објавен на социјалните медиуми на Гете-институт.
 
Награди:
Четири стипендии за двонеделен престој во Германија, од 2 до 16.9.2018. Победниците на натпреварот ќе можат да учествуваат на курс по германски јазик и работилница за меѓународни младински групи. Курсот завршува со меѓународен викенд-фестивал на тема демократија и Европа, HAMBACH! Das DemokratieFestival, кој се одржува од 14 до 16 септември 2018 во замокот Хамбах.

Стипендијата опфаќа бесплатно учество на курсот, сместување, патни трошоци и исхрана.

Формулар за учество