Награда за најдобар наставник по германски јазик 2019

Награда за најдобар наставник по германски јазик 2019
Награда за најдобар наставник по германски јазик 2019 | © Goethe-Institut/ Sonja Tobias

Под мотото „креативно планирање на наставата по германски како странски јазик“, Гете-институт Скопје по трет пат ќе ја додели наградата за најдобар наставник по германски јазик на талентирани и ангажирани наставници, кои нудат креативна настава по германски јазик.

Конкурирајте за наградата за најдобар наставник
по германски јазик 2019!

 
Покажете ни дека умеете да ги воодушевите Вашите ученици со добра и креативна настава и со тоа дека нудите настава по германски јазик што може да послужи како пример.
 
Кој може да конкурира?
Може да учествуваат сите наставници по германски јазик во Северна Македонија кои предаваат во државните училишта и на кои им е важно своите ученици да ги мотивираат со комуникативна и интересна настава која е ориентирана кон учениците, а со самото тоа го промовираат германскиот јазик.
 
Што е Вашата задача?
Во распределбата на часови, сигурно веќе сте утврдиле кои теми и кои содржини ќе ги обработувате во наставата во ова полугодие. Сега размислете, како можете методски најдобро да ги пренесете овие теми и содржини. Испланирајте ја наставата да биде комуникативна, што е можно покреативна и притоа користете методи со кои ги ставате Вашите ученици во центарот на наставата.
Презентирајте ни го текот на еден успешен час. Притоа користете ја наставната скица од формуларот. Со скицата треба да ни пратите и слики или видеоматеријал и/или изработки од учениците (фотографии, плакати, постери и сл.).
 
Како гласат критериумите за вреднување?
Критериумите за вреднување се:
- Исклучително добар наставен квалитет со посебно пренесување на знаење  
- Концепт на настава што е ориентиран на наставниот план и е повеќекратно применлив
- јасно дефинирани наставни цели
- јасна структура на часот и фази кои - логично се надоврзуваат една на друга
целно одбрани методи, медиуми и работни задачи.
 
Што може да освоите?
1. награда: интензивен курс во траење од неколку недели на Гете-институт во Германија во 2020 и интерактивен дисплеј за наставата (Touchscreen Monitor);
2. награда: техничка опрема наменета за наставата по германски јазик во вредност од 500 евра;
3. награда: материјали за наставата по германски јазик во вредност од 300 евра.
 
Формулари за аплицирање и рок на конкурирање
Пополнетиот формулар заедно со деталниот опис на текот на наставниот час на германски јазик треба да се прати најдоцна до 15.11.2019 на bkd-skopje@goethe.de 
 
Доделување на наградите
Стручно жири ги избира добитниците на наградата за најдобар наставник. Доделувањето на наградите ќе се одржи на 26.11.2019 во Гете-институт Скопје.
 
Контакт
Доколку имате прашања за содржината на натпреварот и/или за начинот на конкурирање, Ве молиме да се обратите на Одделот за образовна соработка на Гете-институт Скопје.
 
Се радуваме на Вашите апликации за награда за најдобар наставник која ја доделуваме по трет пат и со нетрпение очекуваме нови идеи за настава.
Тимот на Гете-институт Скопје