Натпревар за посетителите на курс во Гете-институт Скопје Мојот најубав германски збор

Учите германски јазик на Гете-институт Скопје и досега веројатно сте научиле, прочитале или слушнале... многу германски зборови, но еден од нив вам ви е посебно убав. Кажете ни, за кој збор се работи и зошто ви е толку посебен. Може да биде именка или глагол, или пак некоја придавка.

  

Победниците на натпреварот „Мојот најубав германски збор“ се:

- Весна Филиповска Качелова - со стипендија во Минхен
- Стефан Дамчевски - со стипендија во Швебиш Хал

Тука можете да ги прочитате и извештаите на двајцата добитници на стипендија за нивниот престој и за јазичните курсеви на Гете-институт во Минхен и во Швебиш Хал:

Извештај за јазичниот курс на Гете-институт во Минхен
Извештај за јазичниот курс на Гете-институт во Швебиш Хал
 

  • Јазичен курс на Гете-институт во Швебиш Хал © Стефан Дамчевски

    Јазичен курс на Гете-институт во Швебиш Хал

  • Јазичен курс на Гете-институт во Минхен © Весна Филипоска Качелова

    Јазичен курс на Гете-институт во Минхен

  • Јазичен курс на Гете-институт во Минхен © Весна Филипоска Качелова

    Јазичен курс на Гете-институт во Минхен

  • Јазичен курс на Гете-институт во Швебиш Хал © Стефан Дамчевски

    Јазичен курс на Гете-институт во Швебиш Хал

  • Јазичен курс на Гете-институт во Минхен © Весна Филипоска Качелова

    Јазичен курс на Гете-институт во Минхен


Задача: Напишете еден краток текст на германски или македонски јазик и образложете зошто токму тој збор е за Вас посебен. Текстот треба да содржи од 50-100 зборови.
Важно: При вреднување на текстовите најважна е оригиналноста.
 
Услови за учество:

 
На натпреварот може да учествуваат сите посетители на курсеви во Гете-институт Скопје кои
  • во моментов го посетуваат најмалку втор курс во Гете-институт Скопје (независно од нивото)
  • имаат најмалку 18 години
  • на курсевите се редовни и активни
  • подготвени се во целост да го посетуваат курсот од 09.12.2018 – 22.12.2018 во Германија. Друг термин за курс не е возможен.
  • согласни се по враќањето да напишат краток извештај за веб страната
Стипендија

Гете-институт Скопје доделува две стипендии за интензивни курсеви во Германија:

- 03.12. - 21.12.2018 во Минхен
- 09.12. - 22.12.2018 во Швебиш Хал

Стипендијата опфаќа интензивен курс, сместување во еднокреветна соба, паушал за патни трошоци и паушал за храна.
 
Вашиот Формулар за пријавување „Мојот најубав германски збор„ 2018 испратете го најдоцна до 26.11.2018 на: Gordana.Baboska@goethe.de