Натпревар за посетителите на курс во Гете-институт Скопје Младински симпозиум за светско културно наследство

Младински симпозиум за светско културно наследство
© Младински симпозиум за светско културно наследство

Гете-институт доделува две стипендии за учество на Вториот младинскиот симпозиум за светско културно наследство во Грција.
 

Услови за учество:

На натпреварот може да учествуваат сите посетители на курс на Гете-институт Скопје, кои:

  • Во моментов посетуваат втор курс во Гете-институт Скопје(независно од нивото);
  • Се на возраст од 12  до 20 години;
  • На курсот се редовни и активни;
  • Располагаат со познавање на англискиот јазик најмалку на ниво А2;
  • Се согласуваат, да учествуваат на целиот симпозиум од 10. – 14.04.2019 во Грција;
  • Се согласуваат, по враќањето да напишат кус извештај за веб страната на Гете-институт Скопје.
Што е вашата задача?

Посетителите на курс се повикани, да истражат повеќе за едно од местата кои се дел од светското наследство на УНЕСКО и за истото да подготват презентација на англиски јазик. Презентацијата не треба да е подолга од 10 минути.

Жири

Тричлено жири составено од претставници на Гете-институт Скопје ќе ги оценат презентациите според следниве критериуми:
 
  • Структура
  • Обработка на темата
  • Вештина на презентација
 
Стипендија

Гете-институт Скопје ги презема трошоците за пат, исхрана, сместување, патничко осигурување и за учество на симпозиумот.

Рок:

Ве молиме, пополнетиот Формулар за пријавување да го испратите најдоцна до 11.02.2019 на: Gordana.Baboska@goethe.de
 
Презентациите ќе се одржат на 12.02.2019 од 10:00 до 16:00 во Гете-институт Скопје.