Детски фестивал за слика и филм (БУФ)

Детски фестивал за слика и филм (БУФ)
©Goethe-Institut Skopje

Од 15.-20. Април 2019 во Кинотека на Македонија во осми пат ќе се отворат вратите за Детскиот фестивал за слика и филм (БУФ).

Повторно ќе се прикажува висококвалитетен избор на 5 гермаснки филмови за деца и млади. Сите филмови ќе бидат прикажани во оригинал со превод на македонски и албански јазик. Тие се наменети за сите деца кои можат да го читаат преводот или разбираат германски јазик.

ФИЛМСКА ПРОГРАМА

Љубопитниот Тоби и тајната на нашата планета
15.04., 12:00
17.04., 18:00

Џим Копче и Лукас машиновозачот
16.04., 14:00
20.04, 12:00.

Тим Талер или Момчето што си ја продаде насмевката
17.04., 12:00
19.04., 12:00
20.04., 14:00

Венди 2 – другарство засекогаш
15.04., 14:00
18.04., 10:00

Помош, ги смалив родителите
16.04., 12:00
18.04., 14:00