За нашите посетители на курс на ниво од Б1 ПРЕТСЕДАТЕЛСКА СТИПЕНДИЈА 2019

 ПРЕТСЕДАТЕЛСКА СТИПЕНДИЈА 2019
©Getty Images/Nils Bornemann


Во 2019 г., Гете-институт по трет пат ќе додели две престседателски стипендии.
На еднонеделната стипендиска програма поканети се во Берлин околу 20 посетители на курс на Гете-институт во земјите на Југоисточна Европа.

Тема: Берлин вчера и денес

- Стариот и новиот главен град
- Врската меѓу Истокот и Западот
- Симбол на повторното обединување 

Во две тематски координирани истражувања, учесниците заедно го откриваат Берлин вчера и денес. Тие се движат по трагите на минатот на градот, но притоа ја доживуваат и сегашноста на светскиот град во транзиција.
 
Тие во мали групи го запознаваат Берлин и неговите жители: уметници, писатели, сведоци на времето, староседелци и доселеници.
 
Добитници на овогодинешната претседателска стипендија се Билјана Драгановска од курсот Б2.1 и Марија Смилевска од курсот Б2.1.
 

  • Präsidentenstipendium Berlin 2019/ Draganovska © Draganovska
  • Präsidentenstipendium Berlin 2019/ Draganovska © Draganovska
  • Präsidentenstipendium Berlin 2019/ Draganovska © Draganovska
  • Präsidentenstipendium Berlin 2019/ Draganovska © Draganovska
  • Präsidentenstipendium Berlin 2019/ Draganovska © Draganovska

Мојот престој во Берлин од Билјана Драгановска

Јас сум повеќе од задоволна што ја имав можноста да ја добијам овогодишната претседателска стипендија на Гете-институт. Берлин беше градот кој сите нас нè обедини. И покрај нашите различни култури, сите беа љубезни, внимателни и позитивни. Во текот на посетата не само што се сретнав со врвни луѓе, туку и научив многу работи за нив и за нивните земји.

Стипендијата ми даде шанса да се запознаам со историјата на Германија. Секој ден имавме различни задачи што требаше да ги извршуваме заедно во мали групи и секој пат ми беше многу забавно. Посетивме значајни објекти, како Музејот на ГДР, Палатата на солзите, а исто така и Рајхстагот, во којшто и ден-денес сè уште можете да се информирате за минатото. Во текот на едно убаво пловење со чамец по реката Шпре можевме да видиме уште повеќе познати објекти и подобро да ги запознаеме градот и историјата. На секој чекор може да се види историјата, а од настаните од минатото може да се научи дека за подобра иднина мора да се бориме со љубов и страст.

Уште нешто сосема посебно беше театарската претстава во којашто дознавме многу за животот на населението во ГДР. Последниот ден имавме работилница во Музејот на графити, каде што беше многу забавно и имавме можност да се соживееме со нашето детство. Сè на сè, програмата беше многу интензивна, а и добра за нас како група, бидејќи сега сме многу добри пријатели и пријателки.  

Оваа стипендија сите нас нè научи како да прифатиме луѓе од различно потекло и како да водиме живот без предрасуди. Во секоја земја има нешто убаво што треба да се цени.

Ова несомнено беше незаборавно искуство за мене.