Училиштен натпревар Зaедно против загадувањето на животната средина

#Trashtag – овој вирален предизвик се однесува на младите и од 2015 кружи низ светот. Иницијативата за него ја дал Американецот Бајрон Роман. Тој објавил соодветна фотографија „пред и потоа“ од себе: На фотографијата „пред“ тој седи на зелена површина послана со отпад. На втората фотографија средината е комплетно расчистена, ѓубрето се наоѓа во девет зелени вреќи.

„Еве нов предизвик за вас, тинејџерите, на кои ви е здодевно“, напишал Роман во неговиот пост, а со тоа ја предизвикал фејсбук-заедницата да го следи неговиот пример.

Еве го неговиот пост:

Извор: скриншот од Фејсбук Byron Román /Facebook

Овој предизвик ги мотивира луѓето да се грижат за животната средина и природата и истите да ги почитуваат. Да се собира ѓубре, сега е тренд. Во меѓувреме илјадници луѓе споделуваат фотографиии „пред и потоа“ во врска со предизвикот #trashtag. Тоа ја воодушеви мрежата, но исто и нас! Бидејќи на животната средина итно ѝ се потребни вакви акции, ние ве покануваме да се активирате. Сè што ви е потребно за тоа е едно место на кое има расфрлано ѓубре и неколку вреќи за него.
 
Што е вашата задача:

Одберете едно место во јавниот простор (катче во паркот, во училишниот двор или некаде во природата), каде што има расфрлано многу отпадоци. Направете фотографија од него. Откако ќе го исчистите местото и ќе го соберете ѓубрето во тим од најмногу 4 лица, направете уште една фотографија. Пратете ја вашата фотографија „пред и потоа“ заедно со податоците од вашиот тим (имиња, возраст, училиште, телефон) најдоцна до 15.05.2019 на gordana.baboska@goethe.de и во полето за предмет наведете #traschtag.
Најдобрите три тима ќе освојат незаборавен викенд во природа. Под мотото „Биди атрАКТИВЕН“, Прв Скопски Извиднички Одред за време на викенд на почетокот на јуни ќе им понуди  возбудлива авантуристичка програма . Со тоа учесниците ќе може да ја откријат и запознаат природата низ игра, како вистински чувари на природата да спијат под ведро небо во шатори во кампот: „River Camp Salamander“, каде навечер ќе палат извиднички оган, а денски ќе ја доживеат шумата и, пред сè, ќе научат многу за заштитата на животната средина и за природата (во Германија), а притоа многу ќе се забавуваат. Сето тоа ќе се документира во мал видеозапис, што треба да мотивира уште повеќе луѓе да се ангажираат за заштита на средината и природата.

Право на учество имаат сите млади на возраст од 12 до 15 години.
 
Жири

Тричлена жири-комисија составена од членови на Гете-институт Скопје и Прв Скопски извиднички Одред ќе ги вреднува испратените фотографии. Учесниците се изјаснуваат дека се согласни нивните фотографии и имиња да се објават на веб-страницата на Гете-институт Скопје.
 
Со задоволство ги очекуваме вашите пријави!
Тимот на Гете-институт Скопје

Победнички тимови

(Имињата се дадени по азбучен ред на училишните локации.)

1. Сара Николовска, Евгенија Бошковска, Анастасија Стојановска, Душица Миневска

„ООУ Јоаким Крчоски“ - Крива Паланка

2. Мухамед Етеми, Амила Салиу, Кренар Рамадани, Румеса Мемиши

ООУ „Дитуриа“ - Сарај

3. Лина Герасимова, Пела Митрева, Ана Марија Гошева

СОУ Гимназија „Славчо Стојменски“ Штип

Им честитаме на тимовите за нивниот успех!