Стипендии за ученици

Stipendien Prüfungen
©Goethe-Institut

Драга ученичке, драг ученику,

Дали имаш од 10 до 18 години и учиш германски јазик во основно или средно училиште во Северна Македонија? Дали би сакал да го потврдиш твојот успех во изучувањето на јазикот на ниво А1, А2 или Б1 и за тоа да добиеш официјален и меѓународно признат сертификат?

Тогаш аплицирај сега!!!

Гете-институт Скопје доделува 84 стипендии за учество на следниве испити:

- Goethe-Zertifikat A1: Fit in Deutsch 1

- Goethe-Zertifikat A2: Fit in Deutsch

- Goethe-Zertifikat B1:

Пријавувањето трае до четврток, на 10.10.2019 г. Дотогаш твоите родители мора да ги внесат твоите податоци овде. На извлекувањето учествуваат само оние ученици кои правилно и целосно ќе го исполнат формуларот.

Ако си еден од среќните добитници кои ќе можат бесплатно да полагаат испит, тоа ќе го дознаеш в среда на 16.10.2019 во 15:00 часот на пренос во живо што ќе се изврши на фејсбук-страната на Гете-институт Скопје. Изборот е случаен и се врши со помош на генератор на случаен избор.

Победниците, потоа, ќе добијат мејл со известување на е-адресите што ги имаат внесено во формуларот. Доколку некој не се јави во рок од една недела по добивањето на мејлот, пропаѓа правото за бесплатен испит.

Испитите ќе се одржат на 01.11.2019 во Гете-институт Скопје.

Со задоволство ги очекуваме вашите апликации!

Победници:

Goethe Zertifikat A1: Fit in Deutsch 1 Goethe Zertifikat A1: Fit in Deutsch 1

 Goethe zertifikat A2: Fit in Deutsch 2 Goethe zertifikat A2: Fit in Deutsch 2

Goethe-Zertifikat B1 Goethe-Zertifikat B1