МЛАДИНСКА СРЕДБА 2021 И РАБОТИЛНИЦИ ЗА НАСТАВНИЦИТЕ ПО ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК


Sommercamp 2021
Младите ја креираат иднината - Наставниците соучествуваат со нив

Летните кампови на Гете-институт минатата година поради  пандемијата се одржаа во онлајн форма: Млади од 9 земји од регионот на Југоисточна Европа (Албанија, Грција, Косово, Хрватска, Северна Македонија, Турција, Босна и Херцеговина, Бугарија И Кипар) од 01.-10. Јули 2020 се сретнаа во виртуелна средина каде заедно развиваа идеи за проекти за граѓанско општество и општествен ангажман. Тие направија сопсвен аватар и така можеа меѓусебно да се гледаат, слушаат и слободно да се движат.
 
Во 2021 сакаме да ги вклучиме и наставниците и да им дадеме можност, да се внесат во улога на „ученици“ и своите свежи идеи и новостекнаи знаења да ги спроведат директно во пракса.
 
Ако имате желба за нови идеи и поттици, ако сакате проактивно да учествувате и да разменувате мислења и идеи во меѓународна група, тогаш конкурирајте со мала група ученици.
 
Конкурс:
Може да конкурираат сите заинтересирани наставници кои предаваат на ученици на возраст од 12-14 години.
 
Напишете кратко мотивациско писмо, во кое ќе го образложите следново:
1. Зошто сакате да учествувате со ученици на проектот?
 2. Дали веќе сте учествувале на меѓународни проекти?
 3. Кои очекувања ги имате. Набројте најмалку 3.
 
Исптратете го мотивациското писмо најдоцна до 21.02.2020 на bkd-skopje@goethe.de

Избраните наставници и нивната група ќе учествуваат на почетокот на март 2021 на воведна фаза на проектот во онлајн форма.

Младинската средба ќе се одржи од 01.-10.07.2021 во виртуелна 3Д средина.

На програмата има проектна настава со вклучени тематски и вонпредметни работилници и групни активности, интересни прилози од страна на реномирани партнерски институции, контакт со младите и наставниците, кои веќе биле вклучени на проекти на гете-институт.
 
Со задоволство ги очекуваме Вашите апликации!