Брз пристап:

Оди директно на содржината (Alt 1) Оди директно до главната навигација (Alt 2)
Claim Goethe Institut Claim Goethe Institut

Северна Македонија

Награда за најдобар наставник по германски јазик 2021

Критериумите за неопходното знаење постојано се менуваат. Во 21 век на учениците не им е потребно само теоретско знаење, туку пред сè компетенции кои подоцна ќе можат да ги применат во многу животни области.

Поимот„21st Century Skills” (компетенции на 21 век) е збирен поим за 12 вештини, кои во денешната информациска доба важат за суштествени. Особено познати се четирите вештини за учење кои се познати како „Четири К“: креативност, колаборација, критичко размислување и комуникација.
  Deutschlehrerpreis 2021 Foto: Goethe-Institut/Sonja Tobias

Конкурирајте за наградата за најдобар наставник по германски јазик 2021!

Под мотото „21ST CENTURY SKILLS“, Гете-институт Скопје во 2021г. по четврт пат ќе ја додели наградата за најдобар наставник по германски јазик на талентирани и ангажирани наставници по германски јазик во Северна Македонија кои држат креативна настава по германски јазик, во која целно ги поттикнуваат вештините на 21 век.

Пренесувањето на компетенциите на 21 век е екстремно важно особено во време на се поголема дигтализација. Класичната настава не ги пренесува овие компетенции. Ако знаете што опфаќаат компетенциите на 21 век и имате идеја, како целно да ги поттикнувате „четирите К“ во наставата по германски јазик, тогаш конкуриракте за наградата за најдобар наставник по германски јазик 2021!

Кој може да конкурира?
Може да учествуваат сите наставници по германски јазик во Северна Македонија кои предаваат во државните училишта и на кои им е важно во наставата по германски јазик да ги поттикнуваат „четирите К“ како интердисциплинарни компетенции кај своите ученици.

Што е Вашата задача?
Во распределбата на наставниот материјал, сигурно веќе сте утврдиле кои теми и содржини ќе ги обработувате во наставата по германски јазик. Сега разработете методско-дидактички пристап, за да ја подновите сопствената настава по германски јазик, учењето да го направите интересно и возбудливо, а притоа  да пренесете една или повеќе од четирите К.
Презентирајте ни еден наставен час по германски јазик во кој целно ќе поттикнувате одредени компетенции на 21 век. Притоа користете ја наставната скица од формуларот за конкурирање.

Како гласат критериумите за вреднување?
Критериумите за вреднување се:
- исклучително квалитетна настава со  трансфер на знаење и фокус на поттикнување на компетенциите на 21 век: комуникација, колаборација, критично размислување и креативност;  
- концепт на настава што е ориентиран на наставниот план и е повеќекратно применлив;
- јасно дефинирани наставни цели;
- јасна структура на часот и фази кои логично се надоврзуваат една на друга;

Што може да освоите?
1. награда: интерактивна дисплеј табла за наставата по германски јазик во Вашето училиште
2. награда: конференциска камера за наставата по германски јазик во Вашето училиште;
3. награда: материјали за наставата по германски јазик во вредност од 300 евра.

Формулари за аплицирање и рок на конкурирање
Пополнетиот формулар заедно со деталниот опис на наставниот час напишан на германски јазик треба да се прати најдоцна до 20.9.2021 на bkd-skopje@goethe.de

***
Наградите за најдобар наставник по германски јазик оваа година ги освоија:

1. Габриела Темелкоска - ООУ Кочо Рацин - Прилеп
2. Елена Петков - ООУ Коле Канински - Битола
3. Мелахат Шабани - СОУГС Гимназија Зеф Љуш Марку - Скопје

На наградените наставнички им честитаме и им посакуваме и понатаму креативна настава и успех во работењето!

***


Доколку имате прашања за содржината на натпреварот и/или за начинот на конкурирање, Ве молиме да се обратите на Одделот за образовна соработка на Гете-институт Скопје.
 
Се радуваме на Вашите апликации за награда за најдобар наставник која ја доделуваме по четврт пат и со нетрпение очекуваме нови идеи и импулси за квалитетна настава по германски јазик.
  STAYnet Goethe-Institut Skopje