DACHL

DACHL-Fundstücke. Ein Wettbewerb. © DACHL

DACHL - пронајдоци

DACHL- пронајдоци се предмети кои се поврзани со земјите во кои германскиот јазик е службен јазик (Германија, Австрија, Швајцарија и Лихтенштајн) – со градови и региони, луѓето и нивното секојдневие, нивните јазици и нивните приказни, нивната историја и сегашност. Од сите пронајдоци кои беа приложени од страна на наставници по германски јазик од целиот свет, жирито минатата пролет избра 16 кои ги награди. Летото 2016 г. во склоп на една работилница победниците изработија наставни планови за своите пронајдоци.

Сега натпреварот влегува во втората фаза: Сите наставници изработија прегледни материјали, кои често се дополнети со фото, аудио или видео додатоци. На веб-страната на натпреварот се претставени наставните материјали за сите 16 наградени пронајдоци. Уште веднаш наставниците по германски јазик можат по пат на електронско гласање да го изберат оној наставен план, за кого сметаат дека е најсоодветен да се употреби во наставата. Дополнителни информации во врска со натпреварот може да најдете на следната веб-страна: http://idvnetz.org/dachl/