Награда за најдобар наставник по германски јазик 2018

Награда за најдобар наставник по германски јазик 2018
© Гете-институт Скопје/ Соња Тобиас

Гете-институт Скопје во 2018 г. за вторпат ќе ја додели наградата за најдобар наставник по германски јазик на талентирани и ангажирани наставници по германски јазик, кои во наставата спроведуваат креативни и иновативни проекти.
 
 

  • Дали предавате германски јазик во Македонија?
  • Дали ги воодушевувате Вашите ученици со исклучително добра настава?
  • Дали Ви причинува задоволство да развивате нови и иновативни проекти во наставата и да ги спроведувате со Вашите ученици?
  • Дали Ви е важно да ги мотивирате Вашите ученици со возбудлива, интересна настава во чиј фокус се самите ученици, а со тоа да го промовирате германскиот јазик?
Победниците на натпреварот за најдобар наставник по германски јазик се:

1. Ивана Маховска Шикалеска - СОСУ „Св.Кирил и Методиј“ Охрид (прва награда)
2. Орнела Милевиќ - ООУ „Гоце Делчев„ Скопје (втора награда)
3. Нина Несторовска Илиќ - СОУ „Јосип Броз Тито“ Битола (трета награда)
    Евгенија Ангелеска - ОУ „Блаже Конески“ Прилеп (трета награда)


Конкурирајте за наградата за најдобар наставник по германски јазик 2018!
 
Гете-институт Скопје во 2018 г. за вторпат ќе ја додели наградата за најдобар наставник по германски јазик на талентирани и ангажирани наставници по германски јазик, кои во наставата спроведуваат креативни и иновативни проекти.
 
Кој може да конкурира?

Може да учествуваат сите наставници по германски јазик во Македонија кои предаваат во државните училишта, развиваат нови и иновативни проекти во наставата и ги спроведуваат со своите ученици. Изборот на тема за учество на натпреварот е оставен на наставниците.
 
Што е Вашата задача?


Покажете ни дека ги воодушевувате Вашите ученици со добра настава и вонучилишни активности, а со тоа нудите настава по германски јазик што е за пример. Презентирајте ни го проектот што сте го развиле оваа учебна година и сакате да го спроведете со Вашите ученици.
 
Кои предуслови мора да ги исполнува проектот?

Проектот што ќе го спроведете Вие и Вашите ученици треба да биде што е можно покреативен, поиновативен и пооригинален, треба да дава посебен поттик за изучување на германскиот јазик и со него учениците да ги утврдат и прошират веќе постојните познавања на јазикот.
 
Жири

Жирито се состои од претставници на Гете-институт, Германската амбасада во Македонија и Министерството за образование и наука и ќе ги вреднува доставените апликации според следниве критериуми.

Проектот:
  • има интересна тема.
  • е иновативен и во негов фокус се учениците.
  • предвидува користење различни медиуми во наставата.
  • е соодветен како пример за добра настава.
Што може да освоите?

1. награда: двонеделен семинар за усовршување на Гете-институт во Германија во 2019;
2. награда: техничка опрема наменета за наставата по германски јазик во вредност од 500 евра;
3. награда: материјали за наставата по германски јазик во вредност од 300 евра.
 
Начин на конкурирање

Пополнетиот формулар Bewerbungsformular_Deutschlehrerpreis 2018, како и детален опис на проектот на германски јазик, треба да се испратат по имејл најдоцна до 18.11.2018.
 
Гете-институт Скопје
Образовна соработка
Бул. 8. Септември 18-1/5
1000 Скопје
bkd@skopje.goethe.org
 
Важно: Училишното раководство треба да даде согласност проектот да се спроведе во училиштето во текот на тековната учебна година.
 
Доделување на наградите
Доделувањето на наградите ќе се одржи во декември 2018 во германската амбасада во Скопје.
 
Контакт
Доколку имате прашања за содржината на натпреварот и/или за начинот на конкурирање, Ве молиме да се обратите на:
 
Гете-институт Скопје
Образовна соработка
Бул. 8. Септември 18-1/5
1000 Скопје
Тел. +389 (0)2 3121 604
bkd@skopje.goethe.org