Германија в куфер

Германија в куфер Гете Скопје/Гордана Бабоска

Мини изложба

Германска читалница Скопје
при НУБ „Св. Климент Охридски“


Висока технологија и кич, лаптоп и кожени пантолони: Германија е разновидна!

Дали е возможно Германија и германскиот јазик да се спакуваат во два куфери?  Да, возможно е!  Притоа има многу што да се открие: џуџиња, стаклени кугли, квиз прашања за градовите, фотографии закачени на дрво и мислења на многу луѓе, изненадувачки одговори на често поставувани прашања, тајни фиоки, мистериозна дланка, љубовни поеми, песни, куси филмови и други презентации!

Интерактивната изложба  „Германија в куфер“  привлекува посетители од сите возрасни групи и им овозможува да дојдат во допир со Германија и германскиот јазик на еден поинаков начин. Неконвенционалната изложба опфаќа два куфери од по два дела и истите повикуваат на истражување и учење низ игра.  Во првиот куфер е спакуванa темaтa „Германија и Германците“, а во вториот  темата „Германскиот јазик“. Целта на изложбата  пред сѐ е да се запознае Германија на духовит начин и да се поттикне желбата за изучување на гермаснкиот јазик.

Посетителите ги очекува разновидна програма за активно учество.

Германска читалница:
Тел. +389 2 31 23 349 Патувачката изложба „Германија в куфер“ е финансирана од средства на германското Министерство за надворешни работи.
Изложбата ја организира Гете-Институт Скопје во соработка со Германската читалница при НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје

Се радуваме на Вашето доаѓање!