Меѓународната олимпијада по гермаснки јазик (IDO) е најголемиот светски натпревар по германски јазик. Таа ќе се одржи од 13 до 22 јули 2026 година под мотото „Заедно растеме“ (ZusammenWachsen). Следното лето, на финалето во Манхајм, околу 100 ученици и 50 придружни наставници од повеќе од 50 земји ќе се сретнат лице в лице.
Учениците ќе учествуваат во десетдневна програма во Манхајм, каде најдобрите учесници од државните натпревари ќе се натпреваруваат за првите три места за најдобри во светот на три нивоа на знаење. Натпреварувањето не бара само јазични вештини, туку и културни компетенции, креативност и тимска работа.
Учесниците ќе имаат можност учествуваат во интересни работилници, да го истражуваат градот Манхајм, да се сретнат со млади од други земји, претставници на компании, уметници и културни работници, како и да учествуваат во богата културна, образовна и рекреативна програма. Натпреварувањето ги промовира олимписките вредности на мирен соживот, фер меѓусебни односи и богатството на различните култури во светот.