Младината дебатира во Средна, Источна и Југоисточна Европа

На една демократија ѝ се потребни граѓани, коишто поставуваат критички прашања, го кажуваат своето мислење, но исто така знаат да сослушаат и да постапуваат фер и објективно со мислењата на другите. На овие основни компетенции подучува „Младината дебатира во Средна, Источна и Југоисточна Европа“, меѓународниот натпревар по дебатирање за ученички и ученици.

За проектот
Овој проект придонесува за тоа младите луѓе да можат убедливо и со знаење да ги застапуваат своите ставови и гледишта на германски како странски јазик. Натпреварот ја зајакнува дебатата како медиум на демократската расправа и поттикнува активна повеќејазичност во Европа. Предмет на натпреварот е дебатирањето на германски јазик на теми од секојдневниот училиштен живот, од областите: основни и човекови права, историја и Европа. 
 
Тренинг и натпревар
На почетокот претстои повеќемесечна наставна фаза, во којашто ученичките и учениците по дефинирана наставна програма се подготвуваат за дебатирање и се занимаваат со содржински релевантни теми. Последователната фаза на натпреварувањето од училиштата преку регионални училишни сојузи води до полуфинале и државно финале. Прво и второпласираните во финалето од секоја земја стигнуваат до меѓународното финале, кое се одржува секоја есен во една од земјите учеснички на проектот.
 
За ученички и ученици
Моментално околу 3.500 ученички и ученици од над 200 училишта во Белорусија, Бугарија, Естонија, Летонија, Литванија, Полска, Русија, Словенија, Словачка, Чешка, Хрватска, Романија, Украина и Унгарија учествуваат на натпреварот. Можат да учествуваат ученички и ученици од десетто одделение па нагоре и нивните наставнички и наставници по германски јазик.
 
Партнери на проектот
„Младината дебатира во Средна, Источна и Југоисточна Европа“ е проект на Гете-институтот, непрофитната фондација „Херти“ и Централната служба за образование во странство. Во Унгарија, проектот е потпомогнат од Фондацијата „Ханс Сејдел“, регионалната самоуправа на унгарските Германци, Универзитетот „Андриси“ Будимпешта, E.ON Hungária, фондацијата „Конрад Аденауер“,ELMŰ-ÉMÁSZ и Министерството за човечки ресурси, Државниот секретаријат за семејство и млади.