Јавен оглас за практиканстска работа

Скопје 01.09.2022

Врз основа на член 4 од Законот за практикантство (Службен весник бр.98/2019 и 103/2021), Гете - Институт Скопје, со седиште на бул. 8-ми Септември бр. 18-1/5 Скопје, го објавува следниот


ЈАВЕН ОГЛАС
За практикантска работа во одделот за јазични курсеви на Гете-институт Скопје
20 часа неделно за период од 12.9.2022 година до 27.12.2022 година
 

Вашите задачи како практикант/ка се состојат генерално од следното:

  • Запознавање со принципите за организација и спроведување курсеви и испити (воглавно за деца и млади) на Гете-институт Скопје.
  • Преземање на комуникација и работа со дел од клиентите на Гете-институт Скопје
  • Помагање при организирање на курсеви за деца и млади, а доколку е потребно и при спроведување испити.

Барања
  • Лични компетенции
  • Љубезен пристап кон клиентите
  • Исполнителност
  • Вештини за координирање и организација
  • Вештини за работа во тим и комуникација
  • Работа под притисок
Знаења
  • Студии по германски како странски јазик или слични студии (најмалку четири завршени семестри или дипломирани)
  • Познавање на најмалку еден службен јазик (македонски или албански јазик)
  • Познавање на македонски и албански јазик е предност
  • Познавање од техника

Надоместокот за праксата се пресметува според законските одредби.


Дополнителни информации и услови
  • Кандидатот да не е во работен однос
  • Кандидатот да не е постар од 34 години
  • Курсевите за деца и млади се нудат од понеделник до петок од 16 до 20:30 часот, а испитите во текот на денот.
  • Гете-институт Скопје охрабрува и повикува пријавување на кандидати со телесен инвалидитет кои ги исполнуваат бараните услови.

Важна напомена за постапката за конкурирање:
Рокот за конкурирање истекува заклучно со 16.09.2022. Ве молиме пратете ни ја Вашата апликација со мотивациско писмо и CV  на Фалк Шлајхер, раководител на јазичен оддел, falk.schleicher@goethe.de, Tel. + 389 - 2 - 3121 604