Logo Goethe-Institut

Северна Македонија

Рецепционер*ка

Рецепционер*ка во Гете-институт Скопје

Ангажман 100% на определено време од 01.10.2026 до 30.09.2028
(со можност за продолжување)

Rezeptionist © Colourbox

Од 01.10.2026 бараме мотивирана и одговорна личност за работното место рецепционер/ка


Работни задачи и одговорности:
  • Прием на клиенти и одговарање на телефонски повици
  • Давање на информации на клиенти и советување за изучување на германскиот јазик (јазични курсеви и испити)
  • Помош при спроведување на испитите
  • Подготовка на училниците за курсеви и испити
  • Надзор на кандидатите од детските и младинските курсеви
  • Одговарање на пораки на социјални медиуми и е-пошта, односно нивно проследување до надлежните вработени
  • Уреден и претставителен изглед на рецепцијата
  • Административно и техничко управување со рецепција - активирање на аларм, техничка опрема и климатизација, како и заклучување на институтот
  • Комуникација со добавувачи и администрацијата во одредени ситуации

Потребни квалификации и компетенции:

Лични компетенции:
  • Љубезен однос и посветеност кон клиентите
  • Тимска работа и комуникација
  • Способност и подготвеност за брзо совладување на системи, процедури и програми
  • Способност за работа под притисок
Квалификации:
  • Добро познавање на македонскиот и англискиот јазик, усно и писмено
  • Познавањето на германскиот и албанскиот јазик, усно и писмено ќе се смета за предност
  • Основни компјутерски вештини односно познавање на микрософт алатките.

Пријавување

Пратете ги потребните документи за аплицирање:(CV / биографија, детално мотивационо писмо и соодветни докази/документи за квалификациите)
најдоцна до 15.09.2026 на: bewerbungen-skopje@goethe.de

Само селектираните кандидат*ки ќе бидат известени и повикани на интервју.