Работилница; Презентација; Перформанс Слушна реакција на архитектурата

Слушна реакција на архитектурата @Faculty of things that can't be learned

Ср, 10.11.2021 -
Не, 14.11.2021

Архитектонски факултет Скопје

Во својот есеј „Уметничкото дело во добата на неговата механичка репродуктибилност“, Валтер Бенјамин славно изјавува дека архитектурата ја доживуваме не само визуелно туку пред сè преку „тактилна рецепција“ што се „совладува преку навика“. Тоа не се постигнува со обмисленост, туку со обземеност. Но, во критичкото издание (Werke und Nachlass) на текстот на Бенјамин променет е еден збор, односно стои „taktische Rezeption“ („тактичка рецепција“) наместо „тактилна“. Оваа мала промена би можела да даде призвук на активност на рецепцијата на зградите и урбаните пејзажи, која во добро познатата верзија на реченицата се појавува како релативно пасивна операција: можеби сè уште ми доминираат стратегиите на архитектурата, кои ги следам по навика, но сега барем би можело да стекнам тактички однос кон тоа.

Од оваа појдовна точка работилницата сака да ѝ пристапи на архитектурата, а особено на уникатниот внатрешен дел на градот Скопје со своите градби налик сцена. Бруталистичката архитектура беше изградена за да ги обземе своите гледачи и корисници, но истовремено и да ги повика да погледнат во иднината во која се чинеше дека сè е возможно, а човештвото може дури и да ги надмине законите на природата. Какви навики, каква тактилна, каква тактичка – т.е. дистанцирана, критичка, перформативна – рецепција би била соодветна или би можела да го промени односот кон овие градби?

За да ги најдеме можните одговори, предлагаме во работилницата да се произведат аудио записи кои ги повикуваат слушателите да се постават себе си во однос на градбите – не само да го искусат начинот на кој архитектурата дава моќ и ги пренесува нивните пораки. Целта би можела да биде да се воспостават нови тактички навики во односот со градбите и – посегнувајќи и кон звучната димензија – да се претвори рецепцијата на архитектурата во уште поголемо мултисензорно доживување.

За работилницата ќе се користи онлајн аудио мапата radio aporee, преку која резултатите се лесно достапни за секој корисник на смартфон во градот.

14.11.2021 (12:00 - 13:00 часот)
Јавен перформанс "Dissemination everywhere" на колективот LIGNA од Хамбург (со претходна  href="https://organizationfru@gmail.com" class="do-resolve" title="organizationfru@gmail.com" target="_self">најава )
Простор за изведба: Тераса на покривот на Градски трговски центар - ГТЦ Скопје (влезот од плоштад Македонија)

14.11.2021 (13:00 - 14:00 часот)
Слушна реакција на архитектурата – јавна презентација на неколкудневната работилница со студентите од факултетот за драмски уметности, студентите од архитектоснки факултет и студенти од ликовна академија. 
Простор за изведба: Градски трговски центар - ГТЦ Скопје

 

назад