Изложба на постери ГЕРМАНИЈА, ЗЕМЈА НА ПРОНАЈДОЦИ

Германија, земја на пронајдоци © Goethe-Institut

По, 20.02.2017 -
Пе, 31.03.2017

Компјутер, телефон, телевизија, рендгенски зраци или автомобил – револуционерни германски откритија без кои нашето секојдневие не може да се замисли. Нашата изложба на постери нуди уникатен поглед, како во многубројните историски откритија, така и во напредните иновации од Германија, земјата на пронајдоци.
 
Изложбата на постери „Германија, земја на пронајдоци“ на 15 постери во А1 формат ви претставува возбудливи содржини и ги опфаќа темите како информатика, енергија, мобилност, комуникација, медицина, оптика и материјали. Таа се надополнува со интерактивна веб-страница со игри, филмови, материјали за настава, како и информации за студирање и истражување во Германија www.goethe.de/erfinderland
 
Гете-институт Скопје им ја дава изложбата на училишта, универзитети и библиотеки во Македонија бесплатно на располагање.
 
Алтернативно, може да побарате верзија за печатење и да ги испечатите постерите за да ви останат во Вашата институција.
 
Во соработка со:
Fraunhofer-Gesellschaft zur Förderung der angewandten Forschung e.V.
Max-Planck-Gesellschaft zur Förderung der Wissenschaften e.V.
Goethe-Institut Skopje


 
 

назад