GOETHE goes GRÜN

 Goethe goes Grün © Goethe-Institut Athen/Iliana Kikidou

Че, 04.05.2017 -
По, 05.06.2017

Меѓународен ученички натпревар на тема Животната средина

За што станува збор?

Какви последици имаат вашите секојдневни активности врз животната средина и врз идните генерации? Се бара духовит и краток видео-рекламен спот (од околу 20-30 секунди) за одржливи еколошки активности. Најоригиналните спотови ќе бидат наградени.

Што може да се освои?

Бидејќи натпреварот не се одржува само во Македонија, туку и во Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Хрватска, Црна Гора, Романија, Србија и Турција, главната награда е учество на меѓународен летен камп. Кампот ќе се одржи во Грција, во живописното место Ано Хора, во близина на Нафпактос.
 
Во секоја земја се одредуваат 4 главни добитници,  а добитниците од сите земји потоа ќе се сретнат во Ано Хора каде што ќе поминат заедно 10 дена (19-29.7.2017) и заедно ќе работат на проекти.

Зошто е добро да се учествува на натпреварот?

Учесниците добиваат можност:
  • лично да се ангажираат за заштита на животната средина и да се погрижат навистина нешто да се случи,
  • да запознаат млади луѓе од други земји и со нив да разменуваат мисли и идеи,
  • да учествуваат на проекти за заштита на животната средина, притоа подобрувајќи ги своите знаења од германскиот јазик.

Кој може да учествува?

Натпреварот се однесува на ученици кои во своето училиште изучуваат германски јазик и се на ниво на познавање на јазикот А2. Може да конкурираат млади на возраст од 12 до 14 години во тим од двајца.

Што може да се употревува во спотот?

Спотот може да го снимите со вашиот мобилен телефон и да го обработите со соодветни апликации. Ако користите музика за спотот, тогаш мора да внимавате да не прекршувате авторски права за музиката.

Кои критериуми мора да бидат исполнети?

Треба да бидат запазени одредени минимални стандарди и формални критериуми за да може да учествувате со вашиот спот на натпреварот:
  • Во фокусот треба да стои тема за животната средина;
  • Треба да се работи за ваш личен труд. Ако добиете помош од друг, тоа треба да го наведете. Одредбите за должината на спотот, бројот на учесници и возраста на учесниците, исто така, треба да бидат запазени;
  • Спотот и потпишаниот формулар за учество мора да бидат испратени во определениот рок, најдоцна до 5.6.2017 по е-пошта или WeTransfer на bkd@skopje.goethe.org
Доколку имате нејаснотии, обратете се на bkd@skopje.goethe.org
 
Со нетрпение ги очекуваме вашите идеи!



 
 

назад