Летен камп Летен камп на Гете-институт Скопје за деца и младинци

Летен камп на Гете-институт Скопје © Гете институт

Че, 01.06.2017 -
Са, 10.06.2017

Уписи:
01.06 - 10.06

Термини:
12.06. – 23.06.2017
понеделник – петок од 08:00 до15:00

03.07. – 14.07.2017
понеделник – петок од 08:00 до15:00

Цена:
11.900 МКД (вклучена храна, влезници и транспорт)

Групи:
деца од 7 до 11 год. возраст (предзнаење на ниво А1)

младинци од 12 – 15 год. возраст (предзнаење на ниво А1)

Содржина:
Практична примена на јазикот со симулирање секојдневни ситуации

Комуникација и интеракција

Изучување германски јазик кај нас значи активно доживување на јазикот и негова употреба во парови или во група, на пр. глумење улоги, водење интервјуа и изработка на проекти. Наставата е прилагодена на возраста на групата и е разновидна. Зборувањето, слушањето, читањето, пишувањето и граматиката се логично поврзани меѓу себе и на тој начин учениците многу брзо се прилагодуваат на германскиот јазик и го изучуваат. Наставата секако се изведува исклучително на германски јазик.

Доживување на германскиот јазик во Скопје

Тоа што се изучува во наставата, низ игра наоѓа примена во програмата со слободни активности. Информативните екскурзии под надзор на наставничката се составен дел на наставната програма. Опкружувањето, кое нуди учење во германскојазичен контекст и нашите ефикасни методи на учење, им овозможуваат на учениците повеќе забава, постигнувајќи голем напредок за кратко време.

назад