Хорска музика Концерт на хорска музика

НОВ КАМЕРЕН ХОР ХАЈДЕНХАЈМ © НОВ КАМЕРЕН ХОР ХАЈДЕНХАЈМ

17. јуни во 9 часот на главната сцена во центарот на стариот дел од градот; 18. јуни во 11 часот во црквата Св. Кирил и Методиј

70 млади пејачки и пејачи од Германија ќе презентираат софистицирана хорска музика од пет различни века на два настапа во Охрид, при деветтиот меѓународен хорски и фолклорен фестивал „Охридски бисер”.

На овогодинешната концертна турнеја низ Бугарија, Македонија и Албанија, во Охрид ќе гостува реномираниот  НОВ КАМЕРЕН ХОР ХАЈДЕНХАЈМ од  јужниот дел на Германија со своите 70 пејачки и пејачи. Младите од музичката гимназија Хајденхајм, под раководство на Thomas Kamme, имаат подготвено разновидна програма составена од духовни и световни дела од минатите пет века. Оваа програма ќе ја изведуваат  во сабота, на 17 јуни во 9 часот на главната сцена во центарот на стариот дел од градот, како и во недела, на 18 јуни во 11 часот во црквата Св. Кирил и Методиј, на духовен концерт.

НОВИОТ КАМЕРЕН ХОР ХАЈДЕНХАЈМ е професионален хор со избрани млади гласови. Од своето основање во 2005 година овој хор има постигнато големи успеси на меѓународни натпревари. За тоа говорат единаесет златни дипломи и две сребрени дипломи. Исто така имаат добиено неколку награди во Германија и неодамна, по петти пат, ја добија наградата  „Хорска награда германски јазик на покраината Баден- Виртемберг“. Секоја година хорот оди на голема концертна турнеја и веќе гостувал во Ерменија, Латвија, Белгија, Франција, Италија, Аргентина, Јужна Африка, Намибија и Бразил. Хорот редовно е обврзан да настапува на големи настани и со тоа станува амбасадор на градот Хајденхајм и воопшто на Германија.

Срдечно Ве покануваме да присуствувате на двата концерта! Повеќе информации за хорот можете да најдете на веб страната www.neuerkammerchor.com или преку директен контакт со lohse.sylvia@t-online.de .

назад