Изложба Германија: земја на пронајдоци – истражувачка сложувалка

Германија: земја на пронајдоци – истражувачка сложувалка © Goethe-Institut

2. - 18. Октомври, од понеделник до сабота 09:00- 17:00 часот

Кинотека на Северна Македонија, Скопје

Телефон, автомобил или компјутер – многу пронајдоци доаѓаат од Германија. Гете-институт во соработка со здруженијата „Фрауенхофер“ и „Макс-Планк“ им  посветува на нив посебна изложба: „Германија: земја на пронајдоци – истражувачка сложувалка“. Во фокус на изложбата стојат како историски откритија, така и напредни иновации од областа на информатиката, енергијата, комуникацијата, мобилноста, медицината, оптиката и материјалите.
„Германија: земја на пронајдоци – истражувачка сложувалка“  како патувачка изложба повеќе години е на турнеја низ Гете-институтите ширум светот.

Гете-институт Скопје срдечно Ве поканува да ја посетите интерактивната изложба Германија: земја на пронајдоци – истражувачка сложувалка. 

Целна група
Изложбата е наменета пред сè за млади од 15 до 25 години. 
 
Изложбени тури со водич
Од понеделник до петок  9.00, 11.00, 13.00 и 15.00 ч. Ви нудиме тура со водич во вид на рели. Со помош на интересни квиз-прашања  (јазично ниво А1 до Б1) ќе може да откриете многу интересни работи. Ве молиме испланирајте околу 90 минути за Вашата посета.  
 
За посетителите кои не знаат германски јазик, подготвивме преводи на текстовите од изложбата.

Задолжителна резервација за групи (6–25 лица)!

Повеќе информации за изложбата може да најдете тука: ERFINDERLAND DEUTSCHLAND – BAUKASTEN FORSCHUNG
 

назад