Натпревар Награда за најдобар наставник по германски јазик 2017

Награда за најдобар наставник по германски јазик 2017 Фотографија: Гете-Институт/Соња Тобиас

Конкурирање најдоцна до 30.11.2017

На 21.12.2017, во рамки на официјална церемонија во германската амбасада Скопје беа прогласени победниците на натпреварот за најдобар наставник 2017.
 
ДОБИТНИЦИ НА НАТПРЕВАРОТ СЕ:
1. Кети Христовска, наставник по гермаснки јазик во ООУ Св Кирил и Методиј - Скопје
2. Тања Николова, наставник по гермаснки јазик во ОУ Рајко Жинзифов - Велес
3. Орнела Милевиќ, наставник по гермаснки јазик во ООУ Гоце Делчев - Скопје
 
Искрени честитки!

Информации за натпреварот за најдобар наставник 2017

Дали предавате германски јазик во Македонија?
  • Дали ги воодушевувате Вашите ученици со исклучително добра настава?
  • Дали Ви причинува задоволство да развивате нови и иновативни проекти во наставата и да ги спроведувате со Вашите ученици?
  • Дали Ви е важно да ги мотивирате Вашите ученици со возбудлива, интересна настава во чиј фокус се самите ученици, а со тоа да го промовирате германскиот јазик?

Конкурирајте за наградата за најдобар наставник по германски јазик 2017!

Гете-институт Скопје во 2017 г. за првпат ќе ја додели наградата за најдобар наставник по германски јазик на талентирани и ангажирани наставници по германски јазик, кои во наставата спроведуваат креативни и иновативни проекти.

Кој може да конкурира?
Може да учествуваат сите наставници по германски јазик во Македонија кои предаваат во државните училишта, развиваат нови и иновативни проекти во наставата и ги спроведуваат со своите ученици. Изборот на тема за учество на натпреварот е оставен на наставниците.

Што е Вашата задача?
Покажете ни дека ги воодушевувате Вашите ученици со добра настава и вонучилишни активности, а со тоа нудите настава по германски јазик што е за пример. Презентирајте ни го проектот што сте го развиле оваа учебна година и сакате да го спроведете со Вашите ученици.

Кои предуслови мора да ги исполнува проектот?
Проектот што ќе го спроведете Вие и Вашите ученици треба да биде што е можно покреативен, поиновативен и пооригинален, треба да дава посебен поттик за изучување на германскиот јазик и со него учениците да ги утврдат и прошират веќе постојните познавања на јазикот.
 
Жири
Жирито се состои од претставници на Гете-институт, Германската амбасада во Македонија и Министерството за образование и наука и ќе ги вреднува доставените апликации според следниве критериуми.
Проектот:
  • има интересна тема.
  • е иновативен и во негов фокус се учениците.
  • предвидува користење различни медиуми во наставата.
  • е соодветен како пример за добра настава.
Што може да освоите?
1. награда: двонеделен семинар за усовршување на Гете-институт во Германија во 2018;
2. награда: техничка опрема наменета за наставата по германски јазик во вредност од 500 евра;
3. награда: материјали за наставата по германски јазик во вредност од 300 евра.

Начин на конкурирање
Пополнетиот формулар, како и детален опис на проектот на германски јазик, треба да се испратат по имејл најдоцна до 30.11.2017. Гете-институт Скопје
Образовна соработка
Бул. 8. Септември 18-1/5
1000 Скопје
bkd@skopje.goethe.org

Важно: Училишното раководство треба да даде согласност проектот да се спроведе во училиштето во текот на тековната учебна година.
 
Доделување на наградите

Доделувањето на наградите ќе се одржи во декември 2017 во германската амбасада во Скопје.

Контакт
Доколку имате прашања за содржината на натпреварот и/или за начинот на конкурирање, Ве молиме да се обратите на:

Гете-институт Скопје
Образовна соработка
Бул. 8. Септември 18-1/5
1000 Скопје
Тел. +389 (0)2 3121 604
bkd@skopje.goethe.org







 

назад