ЗАПАДЕН ВЕТЕР

Ср, 14.03.2018

20:00

Кинотека на Северна Македонија, Скопје

Игран филм 2011; Германија, Унгарија; 90 мин.; ХД, во боја
Продуценти: credo:film, Laokoonfilm
Режија: Роберт Талхајм
Улоги: Фридерике Бехт, Луизе Хејер, Франц Динда, Фолкер Брух

Дорен и Иза се 17-годишни близначки од Саксонија. Летото 1988, како идни клубски веслачки, смеат да отпатуваат во некоја социјалистичка земја. Уживаат во одморот на Балатон и веднаш на почетокот запознаваат момчиња од Хамбург. Дорен се заљубува во Арне. Девојките за прв пат не си делат сè и мораат да ја донесат најзначајната одлука во својот живот.  
 

назад