Летен камп за деца и младинци на Гете-институт Скопје

Летен камп 2018 © Милан Стрезовски

По, 18.06.2018 -
Пе, 13.07.2018

Гете-институт Скопје

Уписи:           14.05 - 08.06
 
Термини:      18.06. – 29.06.2018                понеделник – петок од 08:00 до15:00
                       02.07. – 13.07.2018                понеделник – петок од 08:00 до15:00
 
Цена:              11.900 МКД
 
Групи:            Деца од 7 до 11 год. возраст (со и без предзнаење)
                        Младинци од 12 – 15 год. возраст (со и без предзнаење)
 
Тестирање: Тестирањето се изведува за време на уписите во период од 14-18 h
 
Содржина: Практична примена на јазикот со симулирање секојдневни ситуации
 
Комуникација и интеракција
 
Летниот камп им нуди можност на учесниците да го совладаат германскиот јазик преку комуникација и интеракција. Тие не изучуваат нови зборови и граматички структури на класичен начин преку учење на памет или со здодевно седење на столче, туку несвесно, преку слушање и постојано повторување, низ соодветни и разновидни активности, движење, играње, пеење и сл. Тие уживаат во изучувањето на јазикот, имаат позитивни искуства и ги развиваат своите емотивни, социјални, креативни и когнитивни вештини.
 
Изучување германски јазик кај нас значи активно доживување на јазикот и негова употреба во парови или во група, на пр. глумење улоги, водење интервјуа и изработка на проекти. Наставата е прилагодена на возраста на групата и е разновидна. Зборувањето, слушањето, читањето, пишувањето и граматиката се логично поврзани меѓу себе и на тој начин учениците многу брзо се прилагодуваат на германскиот јазик и го изучуваат. Наставата секако се изведува исклучително на германски јазик.
 
Доживување на германскиот јазик во Скопје
 
Тоа што се изучува во наставата, низ игра наоѓа примена во програмата со слободни активности. Информативните екскурзии и спортските активности под надзор на наставничката се составен дел на наставната програма. Опкружувањето, кое нуди учење во германскојазичен контекст и нашите ефикасни методи на учење, им овозможуваат на учениците повеќе забава, постигнувајќи голем напредок за кратко време.
 
Простории и храна
 
Летниот камп се одржува во просториите на гете-институт, во опкружување соодветно прилагодено на потребите на децата, но исто така и надвор од институтот со цел децата секојдневно да бидат и на свеж воздух. Во рамките на летниот камп е вклучена и храна, односно заеднички појадок во институтот, ручек во еден од околните ресторани и здрава ужинка. 
 

назад