КРИК-фестивал 2018

Ср, 21.11.2018 -
Ср, 19.12.2018

Музеј на современа уметност

Во 2016 година Контрапункт го започна КРИК (Критика - Ризик - Имагинација - Конфронтација) - фестивалот со цел еднаш годишно создавање простор за интензивен и критички дијалог.
Фестивалот КРИК се одржува секоја година во ноември и декември. Фестивалот се занимава со политички прашања, како што се: човекови права, право на култура, прашања за идентитет, насилство, јавен простор и градење на заедница и има за цел да го искористи еманципаторскиот потенцијал на овие теми.

"АЛЕРТ! Пред портите на моќта- очекувајте исклучување!" е мотото на овогодинешниот фестивал. Фестивалот започнува на 21.11. и трае до 19.12.2018 година.

FREIRAUM-проектот И КРИК-ФЕСТИВАЛОТ

Меѓурегионалниот европски FREIRAUM-проект е дел од овогодинешниот КРИК-фестивал. Нашиот партнер "Контрапункт" го посети партнер-градот Копенхаген помеѓу 17-ти и 26-ти мај 2018 година и направи краток уметнички филм за идентитетот на човекот како единка. Во тој временски период тимот имаше можност повторно да го открие градот преку очите на петте протагонисти прикажани во филмот и да разговараат за нивните перцепции за слободата.

Исто така, партнерот на проектот FREIRAUM во Копенхаген, Фестивалот за архитектура во Копенхаген, го посети Скопје од 29-ти септември до 2 октомври и сними краток уметнички филм за архитектурата и идентитетот. Филмот од тимот на Копенхаген ја истражува улогата и влијанието на архитектурата врз нашите животи и во светот.

ФИЛМОВИТЕ ЗА FREIRAUM-проектот

Двете филма, кои се фокусираат на FREIRAUM-проектот за отворен простор, ќе бидат прикажани на 07.12.2018 година во Скопје. Гости од Германија, Данска и Белгија ќе ги проследат филмските проекции на овој ден и ќе бидат дел од кратко предавање и дискусија.

„Номадските идентитети - талкање низ слободата во себе"

Краткиот уметнички филм „Номадските идентитети" испитува неколку теми кои се многу важни за современата перцепција на поимот слобода. Како чувството на слобода е поврзано со местото на живеење? Како новите форми на мобилност, честото патување, краткире престои во други земји и други културни влијанија и номадските искуства влијаат врз перцепцијата и концептот на слободата? Користејќи ги одговорите, но и прашањата, се разгледува концептот на слобода - било да е во Скопје, Копенхаген или можеби на некое друго место.

„Промена на идеалите, ре-креирање на слободните простори"

Филмот на тимот од Копенхаген го истражува прашањето: како се отсликуваат демократијата и идентитетот во дизајнот и употребата на јавниот простор и културното наследство во Скопје?
Поаѓајќи од главниот град на Данска, Копенхаген, и неговата архитектура, која се појавила во еден многу поразличен контекст, филмот сака да го нагласи градот Скопје, како и темата на слободата и размена од една просторната перспектива. За време на снимањето,а и воедно за време на изборите на 30-ти септември, тимот ги испитува тековните преговори за новото културно лице на Скопје во текот на 2014 година, двосмислените врски кон
остатокот од Европа, но и секојдневниот живот во градот.

Програмата на КРИК-фестивалот можете да се најде тука:
Програма за КРИК-фестивалот 2018
 

назад