МакеДокс

Ср, 21.08.2019 -
Ср, 28.08.2019

Оваа година фестивалот на креативниот документарен филм Makedox ја прославува својата десетгодишнина. Фестивалот ќе се оддржи во Скопје од 21-ви до 28-ми август. Годинава земја во фокус е Германија, бидејќи Германија прославува повеќе од еден јубилеј: 30 години од падот на Берлинскиот ѕид и 100 години Баухаус. За таа прилика, ќе се прикажуваат 12-15 докуменарни филмови, поканети се и режисерите кои ќе го споделат своето искуство  при режисирање на документарни филмови во Германија, ќе направат разлика помеѓу сегашната ситуација прикажана на платно и пред падот на Берлинскиот ѕид.
 
Секоја година фестивалот на креативниот документарен филм организира бројни работилници и мастер часови на различни теми поврзани со кинематографија. Оваа година ќе се организираат неколку работилници за копродукција и презентација на фестивали, со цел да се создаде солидна основа за долгорочна фестивалска соработка меѓу филмаџиите.
 

назад