Литературни читања и работилници за пишување со Оле Кенеке

Ole Könnecke ©Thomas Duffe

По, 11.11.2019 -
Че, 14.11.2019

Оле Кенеке е роден 1961 г. во Гетинген, пораснал во Шведска и живее во Хамбург. Од 1990 г. до сега илустрирал над 30 книги за кои повеќепати бил одликуван со национални и меѓународни награди. Неговиот уникатен, едноставен стил на цртање потсетува на стрип.
На 11 ноември тој ќе ја отвори редицата настани на Гете-институт Скопје кои се посветени на унапредување на читањето во С. Македонија. Тој ќе чита на глас, ќе покажува слики, но пред се ќе црта и ќе покаже, колку е едноставно да се црта. Настаните ќе се одржуваат во Скопје и во други градови во С. Македонија.

назад