Гете-институт Скопје организира интерактивни литературни читања со писателот и илустратот од Германија Јенс Расмус. За време на работилниците авторот ќе ги претстави своите сликовници и заедно со децата ќе создаде колаж или книга.
Јенс расмус е роден 1967 г. во Кил. Студирал илустрација во Хамбург и Дунде, шкотска. Од 1997 г. илустрира и пишува многубројни сликовници и книги за деца. Тој беше номиниран за Германската награда за литература за млади и меѓу другото, одликуван со Австриската награда за литература за деца и малди. Од 2009 г. живее со своето семејство во Кил.
назад