Литературни читања и работилници за пишување со Мартин Шојбле

Martin Schäuble ©Creative Commons

По, 02.12.2019 -
Пе, 06.12.2019

Мартин Шојбле, роден 1978 г. во Лерах е германски новинар и писател, особено на романи за млади. Неговите книги се преведени на многу различни јазици. После студиите по политички науки во Берлин, Израел и Палестина во 2011 г. тој докторира во Берлин. Една од темите на неговата докторска дисертација е конфликтот во Блискиот Исток. Тој пишува патеписи и други стручни книги. 2013 го издава дистопичниот роман „Скенерите“. Неговиот втор роман „Ендланд“ се појавува 2017 г.

За време на неговиот престој во С. Македонија авторот ќе одржи интерактивни настани. Со учениците тој ќе прави вежби за пишување и тие заедно ќе измислат своја приказна.  

назад