Барбара

Barbara © Christian Schulz / Schramm Film

Че, 14.11.2019

20:00 - 22:00

Кинотека на Северна Македонија, Скопје

Во боја, 108 минути, 2011/12

Режија и сценарио: Christian Petzold
Улоги: Nina Hoss, Ronald Zehrfeld, Jasna Fritzi Bauer, Jannik Schümann, Rainer Bock.

Околу 9 години пред падот на ѕидот: Докторката од Берлин Барбара поднела барање за излез од ГДР. Таа беше затворена и после нејзиното ослободување, летото 1980, под казна беше распоредена во една болница во провинција. Додека нејзиниот сакан од Западот го подготвува бегството преку Балтичко Море, Барбара работи во детска хирургија, често надгледувана и контролирана. Нејзиниот шеф Андре изгледа како да соработува со вработените во Службата за државна безбедност- но колку далеку би отишол во случај да се случи нешто сериозно? Тој барем го одобрува ангажманот на Барбара за младата инфериорна Стела. Дали е тој вљубен во својата колешка? На денот на бегството, Барбара носи делумно изненадувачка одлука.
Филмот на Кристијан Петцолд  кој на Берлиналето во 2012 г. беше одликуван со награда за режија, е тивок, обичен и безусловно точен филм за животот во ГДР, далеку од идеолошки дискурси.
 

назад